| 22.03.2018. ПО СВЕТОТ

Се подготвувате за патување во Италија и сакате да пробате од највкусната храна? За да не лутате по градот, а воедно и да не останете гладни, во прилог прочитајте кои места треба да ги посетите пред да огладнете. Односно, треба да се одлучите помеѓу траториа, фаторија или остерија. Ова се поимите кои треба да ги научите за да не се разочарате со понудата за храна.

Траториа

Не е сериозно како ресторан, поформално е од остерија, но траториа е најчестиот облик на место во Италија каде ќе можете да јадете нешто вкусно, домашно и за ниска цена. Немојте да се изненадите доколку наидете на мени со неколку основни поими, за сè што Ве интересира обратете се кај келнерот. Прашајте и за домашното вино кое редовно го нудат.

 
 

Остерија

Место каде се служи вино и едноставна храна како тестенини, риба и месо, а каде масата ќе ја делите со непознати странци. Остерија е поефтино место од траториа, а во понудите многу често има варива. Акцентот во понудата е ставен на виното, односно ова место е еден вид на италијански паб.

Фаториа

  
 

Како траториа, ова место е во сопственост на семејство, а најчесто во менито ќе наидете на домашни производи кои ги подготвуваат сопствениците. Можете да наидете на еколошки одгледувано овошје и зеленчук и јадења кои се подготвуваат од нив.

Енотека

Во зависност од видот на енотеката, овде можете да поразговарате со енолози или луѓе кои прават вино, да пробате вино и да уживате во чашата со едноставна закуска. Пред да го посетите, проверете го работното време и дали треба да се најавите пред да пристигнете.

 
loading...
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени