| 12.11.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Сите сме добиле спам е-меил пораки од типот – “вујко ми почина, имам 34.560 милијарди долари во наследство, ајде помогни ми да ги извадам париве од Нигерија, и ќе ти дадам 10%“ напишано на македонски јазик со лоша граматика, бидејќи е превод од гугл транслејт на некоја генерална порака која се испраќа на повеќе јазици и на повеќе потенцијални жртви. И ако сметате дека не постои човек што им реплицира на ваквите глупости, дечките кои се занимаваат со тоа всушност наоѓаат доста жртви. Ама затоа, сега е создаден вештачки интелигентен бот кој ги поплавува спам измамниците со бесконечен прилив на прашања и пораки.

Re:scam е наменет за да им го губи времето на луѓето кои стојат зад е-мејл измамите и да ги нервираат додека не се откажат од својот занает. Таа е развиена од Netsafe, кој вели дека е време обичните интернет корисници “да го возвратат ударот”.

Додека го прочитате овој пост, Re:scam ќе испрати над 16.000 пораки до спамерите кои, според пресметките на Netsafe, колективно ќе им биде потрошено време од 25 дена додека ги сфатат, разгледаат, прегледаат пораките од ботот.

 
 

“Усвојувам еден од многуте мои карактери за да ги продолжам разговорите на било која жртва”, вели ботот, кој исто така се опишува како “супер-заинтересиран” и “малку наивен”.

“Јас им го трошам времето со бескрајна серија од прашања и анегдоти, со што тие имаат помалку време да ги измамуваат вистинските луѓе. Исто како вас и јас правам печатни грешки и шеги кои никој не ги цени.“

Според Netsafe, 12 милијарди долари се губат глобално секоја година поради вакви измами.

 
 

Затоа, компанијата ве поканува сите оние кои мислите дека сте цел на е-мејл измама, да го проследите мејлот до Re:scam, кој ќе потврди дали е измама или не. Потоа ботот ќе користи сопствена е-маил адреса за да ги пукне сите спамери што ќе успее да ги открие.

Значи да повториме, бришењето на спам пораките ве штити, но испраќањето на таквите спам пораки до [email protected], ги штити другите…

(36)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени