| 09.03.2018. ПО СВЕТОТ

Компанијата за играчки „Mattel“ пушти во продажба специјална колекција Барби кукли со ликовите на познати инспиративни жени низ историјата по повод Меѓународниот ден на жената, меѓу кои и познатата мексиканска сликарка Фрида Кало.

Роднините на покојната сликарка реагираа дека не дале дозвола за куклата со ликот на Кало и дека не се задоволни со крајниот резултат.

Тие исто така се во спор со корпорацијата што тврди дека има право на користење на ликот на Фрида Кало.

 
 

Корпорацијата Фрида Кало и „Mattel“ ги негираат ваквите обвинувања.

Мексиканската сликарка беше позната по нејзините автопортрети и стана феминистичка икона, исто така препознатлива по нејзиниот стил на облекување во традиционална мексиканска облека и споените густи веѓи. По нејзината смрт во 1954 година, нејзиниот лик бил користен за најразлични производи, од текила до сјај за усни.

  
 

Ова не е прв случај роднините на Кало да реагираат на комерцијалната употреба на нејзиниот лик.

„Мара Ромео, правнука на Фрида Кало, е единствена наследничка на правата на ликот на истакнатата мексиканска сликарка Фрида Кало“, стои во соопштението од семејството.

 
loading...
 

Ромео за агенцијата AFP изјави дека проблемот не е само во кршењето на правата за користење на ликот на Кало.

„Би сакала куклата да личеше повеќе на Фрида, оваа кукла има светли очи“, рече таа.

„Mattel“ настојува дека добила соодветна дозвола за производство на куклата со ликот на Кало.

„Mattel тесно оработуваше со Корпорацијата Фрида Кало, сопственик на сите права поврзани со името и идентитетот на Фрида Кало, во создавањето на оваа кукла“, изјави портпарол на компанијата.

Корпорацијата Фрида Кало тврди дека ги има правата на името и ликот на Кало од внуката на сликарката, Исолда Пинедо Кало.

Во јавноста имаше измешани реакции на специјалната колекција, при што некои корисници на социјалните мрежи беа одушевени, а други се изјаснија дека на основниот модел на Барби куклата биле направени минимални измени што не ги доловуваат ликовите на славните жени со нивните етнички карактеристики.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени