| 16.11.2017. ПО СВЕТОТ

Ако мислите дека ова е некоја зафрканција, верувајте, не е! Иако, знаеме дека изгубени во секаков допир со реалноста, сеуште неможеме да престанеме да се превртуваме од смеење на последниве будалаштини од “Големиот Лидер“, каде официјално, се вели дека граѓаните на го осудија Доналд Трамп на смрт, според главниот државен весник во Северна Кореа.

Во статијата се вели дека претседателот ја навредил земјата кога ја окарактеризирал земјата како “сурова диктатура” за време на неговата турнеја низ Азија. И за тоа треба да биде убиен, се посочува во статијата.

“Најлошото злосторство за кое никогаш не може да биде помилуван е тоа што тој се осмелил да го малтретира достоинството на највисокото раководство”, пишува весникот на владејачката партија, Родонг Синмун.

 
 

“Тој треба да знае дека е само ужасен криминалец осуден на смрт од страна на корејскиот народ”.

Во статијата, исто така, се вели дека г-дин Трамп бил кукавица за откажување од посетата на севернокорејската граница, одлука донесена поради лошите временски услови. Но, во написот се вели дека всушност претседателот бил “премногу исплашен за да се соочи со желните очи на нашите војници”.

Во текот на посетата, г-дин Трамп се обиде да ги обедини азиските влади во обид да се борат против нуклеарната закана од Северна Кореа, што е толкувано како уште една навреда на сегашното раководство.

  
 

На пример, во Сеул тој даде остри предупредувања до Северна Кореа, велејќи: “Немојте да не потценувате и не не тестирајте”. Но, тој, исто така, сигнализираше за првпат дека би можел да биде отворен за разговори со г-дин Ким.

По завршувањето на турнејата, Трамп наТвитер објави: “Зошто Ким Јонг-Ун би ме навредувал со тоа што ќе ми каже “стар”, кога јас никогаш не би го нарекол “низок и дебел”?”.

Ианку, државниот весник, кој се смета за гласник за владата, редовно се користи за агресивни напади кон г-дин Трамп. Оваа година, таму беше наречн “бесно куче”, “психопат” и се сугерираше дека би можеле “да го направат САД во пепел во секој момент”.

 
loading...
 

(416)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени