| 19.01.2018. ПО СВЕТОТ

Пјонгјанг минатата година предизвикуваше загриженост кај меѓународната заедница со бројни ракетни и еден нуклеарен тест, но прифати да учествува на ЗОИ во Пјонгчанг кои се отвораат на 9 февруари и севернокорејските спортисти на церемонијата на отворањето да продефилираат заедно со своите јужнокорејски колеги.

Сепак, јужнокорејската агенција Јонхап пренесува дека Северна Кореја, која со воени паради прославува разни важни датуми, за 8 февруари закажала воена парада по повод 70 години од формирањето на својата војска.

На парадата во близина на Пјонгјанг ќе учествуваат околу 12.000 војници проследени со артилерија и друго оружје.

 
 

Јужнокорејското министерство за одбрана одби да коментира „прашања поврзани со воената разузнавачка служба“. Годишнините кои во Северна Кореја се прославуваат варираат од година во година.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун на 15 април 2017 ја надгледуваше спектакуларната демонстрација на вооружувањето на својата земја, вклучувајќи и интерконтинентална балистичка ракета, во чест на 105-от роденден на неговиот дедо и основачот на Северна Кореја Ким Ил Сунг.

Ким прославата на 70-годишнината од формирањето на војската ја најави во новогодишниот говор, во кој ги повика војниците да „организираат воени вежби како вистински битки“.

  
 

Тој во истиот говор му пружи рака на Сеул и предложи учество на ЗОИ. Сеул и Пјонгјанг повторно ја активираа црвената телефонска линија по две години тишина и решија на ЗОИ да имаат заедничка репрезентација во хокеј на мраз.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени