| 12.01.2018. ПО СВЕТОТ

Фотографија од старец со истетовиран грб, кој на улица во Тајланд игра друштвени игри, стана доста популарна на Фејсбук. Типот кој случајно ја направил фотката не ни насетувал кој е човекот кој го фотографира.

Станува збор за Јапонецот Шигехару Шираји, 74-годишниот шеф на јапонската мафија јакуза, кој цели 15 години бегаше од властите и полициските служби. Шираја е осомничен за убиство на соперник од истата мафија во 2003 година, пренесува ВВС.

 
 

Фотографијата е направена на улиците од градот Лопбури, северно од Бангкок, а Јапонецот е уапсен поради кршење на условите за виза и ќе биде екстрадиран во Јапонија. Тој за тајландската полиција призна дека е член на јакуза, но не го признал убиството во 2003 година. На Тајланд дошол во 2005 година.

  
 

Иако да се биде член на јакуза не е илегална работа, најголем дел од нивниот профит е преку коцкање, проституција и трговија со дрога.

КОИ СЕ ЈАКУЗА?

Јакуза, познати и како gokudō, се јапонска криминална организација. Името го добиле по најлошата комбинација од карти која може да ја извлече еден играч во популарната игра со карти ханафуда: 8 (ја), 9 (ку) и 3 (за), што во буквален превод значи „безначјано“, па во Јапонија ги викаат и 893.

 
loading...
 

Тие се најбројна криминална организација на светот. Се препознаваат по кратко потстрижената коса, тетоважите по целото тело (најпопуларни се ирезуми и хоримоно) и по недостатокот на дел од малиот прст на раката (ритуално отсекување кое се нарекува јубитсуме). Имено, при привиот прекршок кој ќе го направи припадникот на јакуза, тој треба да си го отсече врвот од малиот прст на левата рака и да го предаде на својот надреден.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени