| 01.02.2018. ПО СВЕТОТ

Швајцарската јавност деновиве дозна дека нивната најпозната мумија има уште попзнат роднина: британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон.

Утврдено е дека мумифицираните остатоци се пронајдени во 1975 година, во текот на обновата на готичката црква Барфусеркирхе во Базел, објави во четвртокот природнонаучниот музеј во тој град.

Телото подоцна е идентификувано, со што е утврдено дека и припаѓа на Ана Катарина Бишоф, сопругата на пастор која починала во 1787 година, сооппшти базелскиот Природнонаучен музеј.

 
 

Со помош на историските документи, палеоантрополошките и ДНК примероци, тимот на научници дошол до изненадувачко откритие. Музејот открил дека ќерката на госпоѓа Бишоф, Ана Катарина Гернлер, е пра-пра-пра-пра-пра-пра-прабаба на актуелниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон.

Госпоѓа Бишоф живеела од 1719. до 1787 година. Вo нејзините земни остатоци откриена е голема содржина на жива, која во тоа време, па се до 19. век, често е користена во лекувањето на сифилисот. И додека третманот со жива обично завршувал со смрт на пациентот, кај г-ѓа Бишоф помагал нејзиното тело да остане очувано по смртта.

„Многу сум возбуден поради веста за мојата покојна пра-пра-прабаба, пионер за грижата за сексуалното здравје. Многу сум горд!“ напишал Џонсон на својот налог на Твитер.

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
29.01.2018. Ливадџија
30.01.2018. The Chef
31.01.2018. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени