| 16.04.2018. ПО ДОМА

Како резултат на недостатокот на јод може да се јави хипотиреоза (недоволно лачење на хормони на тироидната жлезда), состојба која ја карактеризираат симптоми како што се замор, лошо памтење, нерасположение, опстипација и намален апетит, добивање на тежина, сува кожа, покачен холестерол, низок крвен притисок, пореметување на менструалниот циклус, гушавост (зголемување на тироидната жлезда). Затоа е важно да се консумираат намирници богати со јод како што се морски алги, морски плодови, туна, лосос, сардини, јајца, јогурт.

Инаку, дури две третини од јодот  во организмот се наоѓаат во тироидната жлезда, па така овој минерал многу логично е мошне значаен за правилно функционирање на овој орган.

Тироидната жлезда лачи два хормона тријодотиронин (Т3) и тироксин (Т4), а лачењето на овие два хормона го регулира ТСХ – хормон што го произведува хипофизата. Хормоните Т3 и Т4 се важни за метаболизмот на протеините, липидите и јаглехидартите – тие се незаменливи за развојот на сивите ќелии во организмот, особено за ќелиите на нервниот систем.

 
 

Затоа при недостаток на јод кај децата може да се јави лоша концентрација и памтење и побавен физички раст и развој.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени