Стотици илјади државни службеници во САД денес не мораа да отидат на работа бидејќи сојузната влада е блокирана, од петокот на полноќ. Но, Сенатот денес попладне уште еднаш ќе гласа за договорот за буџетот со што би требало да се одблокираат државните служби.

Претходните обиди за компромисно решение околу буџетот кое би ги задоволило мнозинските републиканци (51 сенатор) и малцинските демократи (49 сенатори) пропаднаа, па ова е последна шанса владејачките да добијат доволно раце (потребно е „супермнозинство“ од три петтини, односно 60 гласови) за привремено продолжување на сојузното финансирање на државните служби.

Во моментов активни се само клучните служби кои се занимаваат со „заштита на животот и приватната сопственост“, односно националната безбедност, воздушната контрола, болниците, затворите, електричната мрежа и слично.

 
 

Лидерот на сенатското мнозинство Мич Меконел ќе се обиде да добие поддршка со помош на предлог закон за продолжување на програмата за правна заштита на нелегалните емигранти кои во САД влегле како деца, таканаречените „сонувачи“ (Dreamers). Такви емигранти во САД има дури 3,6 милиони, а околу 800 илјади се вклучени во програмата за амнестија Одложување на постапката за децата дојденци (ДАЦА), која ја донесе претходниот претседател Барак Обама.

Сегашниот претседател Доналд Трамп е против таквиот компромис и ги обвинува демократите дека „сакаат нелегалните емигранти да се слеваат во нивната земја непроверено“ и побара од републиканците да одат на „нуклеарната опција“, односно вонредно гласање со обично мнозинство (51 глас) кое, барем теоретски, би можело да ги одмине барањата на демократите. Сепак, Меконел ја отфрли таа идеја.

Републиканците бараат и вклучување на средствата за изградба на ѕидот на Трамп на границата со Мексико, како и зголемување на средствата за војската. Ова сепак не е најлошиот случај на блокада на американската влада – последниот се случи во 2013, а траеше цели 16 дена. И тогаш стануваше збор за несогласување околу привременото продолжување на буџетот, односно несогласувањето околу самиот буџет за следната година. сепак, тогаш републиканците беа малцинство во Сенатот и го саботираа донесувањето на буџетот кој не ги вклучуваше мерките кои тие ги бараа. Сега улогите се свртени.

 
loading...
 

„Се надевам дека станува збор само за неколку дена. Но, потребен ни е конкретен одговор, а мислам дека единствената личноста која може да нѐ однесе кон него е претседателот Трамп. Ова е негова блокада“, изјави во саботата демократскиот сенатор Дик Дарбин. Меѓутоа, Трамповиот потпретседател Мајк Пенс вчера го изнесе ставот на Белата куќа: „Нема повторно да отвораме преговори за нелегалната миграција сѐ додека повторно не ја отворат владата и ви ги дадат вам, нашите војници и нивните семејства, платите и бенефициите што ги заслужувате“, им порача Пенс на американските војници.

Останува да се види како ќе мине денешното гласање, но според демократските тврдења кои ги пренесува Си-ен-ен, демократите повторно нема да гласаат за деблокада доколку нема значителни измени во понудата на републиканците. Преговорите продолжуваат.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени