29.11.2017.Ливадџија
22.12.2017.Ливадџија
| 27.12.2017. ДЕШАВКИ

Date : 12.01.2018. - 12.01.2018.
Location : Скопје
Venue : МОБ
Start : 20:00
Price : 800 мкд

Традиционален концерт по повод празникот „Василица“
SIMPLY THE BEST
*Rock & Pop ’80s & ’90s

Македонската опера и балет ја продолжува традицијата. На 12 и 13 јануари (петок и сабота), 2018 г. ќе го одржи концертот по повод празникот „Василица“.

Оваа година концертот носи наслов „Simply the best“, односно, направен е избор од најдобрите поп-рок хитови од’ 80 и ’90-те години. Публиката ќе има можност да ужива во популарните: „ With or without you“; „Freedom“; „I drove all night“;„Listen to your heart“; „Simply the best“; „Every breath you take“; „I want to break free“; „Black velvet“ и многу други. Ќе ги исполнат популарните ѕвезди од македонската естрада: Александар Тарабунов; Горан Наумовски; Елена Петреска; Ана Мицковска; Александра Јанева; Ѓоко Танески; Арбен БЕНИ Шаќири; Дани Димитровска; Наташа Малинкова; Лена Заткоска, Даниел Дан, гостинот од Хрватска Бојан Јамброшиќ, како и оперските солисти Наде Талевска и Ѓорѓи Цуцковски.

 
 


Ќе ги придружува хорот и големиот оркестар на Македонската опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Почитувајќи ја традицијата на нашиот народ да ја прославува т.н. „Стара Нова година“, Македонската опера и балет го востанови овој концерт во 1993 година и низ годините потоа, тој стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас.

Билетарница на МОБ: 02 3118-451
онлајн: www.mob.mk

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени