| 12.10.2017. ПО СВЕТОТ

Скопје веднаш по земјотресот доби шанса да биде опседнат од космополитски дух и да стане убав град. Наместо тоа, во наредните три децении остана провинција, ама со душа и шмек.

Го имаше Корзото и Кермес, Дебар Маало и Коцка, ФК Вардар и ФК Работнички, Буштур и Панчев, скопските шмизли и велелепните градски фраери и боеми. Ги и имаше Зи Зи со Бајо и Вера, Ван Гог со Бане и Тасе, Чао и Тропикана, Ани и Бони, МЦМ на Зоки Малиот. Леб и сол, Мизар и Архангел. Џез фестивал и Рок фест во МКЦ. Тука беа Стево, татко му на Дац, Ненад Стојановски, Дарко Дамевски и Драги Костовски. Имаше супкултура и контракултура, секс на Водно во стокец, југо или фиќо…

Беше провинција, ама имаше свои херои и негативци, фатални риби, жестоки момци и големи интелектуалци, кои беа душата на овој град. И Вардар имаше вода и Скопје дрва.

 
 

Најпосле му ја зедоа душата на Скопје и му се покакаа на неговиот шмек. Наместо град на светот и солидарноста, две егоманијакални будали за неколку години го направија Потемкиново село од стиропорни кулиси, монструозен кич на една пореметена малограѓанска свест и идеологија.

Тоа скопјани никогаш нема да ви го простат. Јас не можам. Можеби затоа со години се чувствувам како да немам град во кој сум се родил. Ме јаде срамот кој треба да ги јаде сите тие таму коциња и ќосиња, а не ги јаде, зашто наместо образ од месо и кожа имаат образ од ѓон на опинок.

(222)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Сашо Тасевски
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени