| 11.01.2018. ПО ДОМА

Ракијата на балканските простори се смета за национален пијалак, а приказните за лековитото дејство на овој домашен алкохол се пренесуваат од колено на колено.

Со оглед на високиот процент на алкохол што го содржи ракијата, треба да се внимава во колкави количини се пие. Меѓутоа, мала и навремена количина ракија како пијалак или како лосион за мачкање, може, макар и на кратко, да помогне при одредени здравствени тегоби.

Треба да се напомене дека овој домашен лек не треба да го пијат луѓе кои имаат проблем со црниот дроб, имаат претходна историја на злоупотреба на алкохол или хронична болест за која примаат препишана терапија што не смее да се меша со алкохол.

 
 

Болка во желудник

Ако после обилен или мрсен оброк чувствувате болка во желудникот, голтка-две ракија може да ги смири тегобите.

Забоболка

  
 

Голтка ракија држете ја во устата десетина секунди на местото на болниот заб, а потоа плукнете. Повторете ја постапката два-три пати со мали паузи за да не ја надразнете слузокожата.

Воспалено грло

При воспалено грло предизвикано од бактериска инфекција, мала чашка ракија со неколку капки прополис може да помогне да се смири воспалението. Исто така, може да пробате топол чај од билки со неколку лажички ракија.

 
loading...
 

Болка во грбот или вратот

Масирајте го болното место со мало количество ракија. Повторете ја постапката по неколку часа ако уште чувствувате болка.

Отоци

Докажано е дека ракијата ја лади кожата, па затоа има поволно дејство при отоци. Ракијата може да ја втриете на отеченото место или да ставите облоги со ракија. Имајте предвид дека ракијата може да ја иритира кожата, па не ги држете облогите подолго време.

Уролошки проблеми

Ракија со магдонос е добар сојузник во борбата против бактериски инфекции на уринарниот тракт.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени