| 26.12.2017. ПО СВЕТОТ

Жена од Пенсилванија, САД, ја проверила својата сметка за потрошена електрична енергија на почетокот од месецов и видела дека има долг од неверојатни 284 милијарди долари.

Мери Хоромански се запрашала дали компанијата Penelec ја зголемила цената за струја, затоа што сметката за ноември и била 284 милијарди долари.

„Ако не грешам, тоа е повеќе од целокупниот национален долг. Значи, да продадеме се што имаме, тогаш сигурно за 100 години ќе исплатиме се што должиме“, напиша Хоромански на Фејсбук.

 
 

Хоромански ги контактирала медиумите и ги известила за ненормалната сметка за струја.

„Бев во шок кога ја погледнав сметката за струја“, вели видно вознемирената жена.

Сепак, се покажа дека нејзиното домаќинство не можело да има долг поголем од БДП од повеќето американски сојузни држави.

  
 

Портпаролот на Penelec, Марк Дарбин вели дека децималите, веројатно се поставени на погрешни места.

„Не можам да се стам дека некој корисник на струја од Penelec некогаш имал сметка која се мери во милијарди долари“, вели Дарбин.

Жената на шега вели дека ги проверила божиќните украси и светла да не се погрешно приклучени на струја, а да не го зголеми износот за струја.

 
loading...
 

Дека се работи за грешка може да се забележи и од приложената фотографија од сметката на која се  гледа иден датум, односно датум од следната, 2018 година.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени