| 11.01.2018. ТАБЛА

Најголемиот ланец на малопродажни салони за брендирани часовници и накит во Македонија – MY:TIME има потреба од Сметководител.

Работни обврски:
– Oбезбедување на усогласеност од правен, даночен и регулаторен аспект во доменот на сметководственото работење;
– Обезбедување навременост, точност и корисност на даночните пријави;
– Комуникација со банки и државни органи;
– Управување на сметките за побарувања и обврски;
– Дневна контрола на книжењето на трансакциите;
– Пресметка и исплата на сите примања на вработените;
– Изготвување статистички извештаи од доменот на сметководството;
– Обезбедување комплетност и точност на подготвените извештаи и податоци;
– Книжење на документи;
– Креирање на фактури и сите пропратни финансиски документи;
– Изработување и испраќање извештаи за извршени уплати од страна на комитенти;
– Изготвување на калкулација по девизен заклучок и праќање известување до бренд менаџерите и координаторите на магацин за истата;
– Проверка на податоците од увозни и извозни декларации;
– Вршење на сите неопходни пресметки;
– Вршење на други сметководствени и книговодствени задачи;
– Следење на промените во соодветните законски регулативи;

Услови за работа:
– Работно време: понеделник до петок, 09:00 – 17:00ч.

 
 

Доколку сте чесна, културна и трудољубива личност која е подготвена да одговори на секојдневните предизвици на магацинското работење, аплицирајте на [email protected] најдоцна до 21/01/2018.

Ќе бидат исконтактирани единствено кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени