| 24.12.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Екс соработникот во американските тајни служби, направи апликација што го претвора паметниот телефон во безбедносен систем. Едвард Сноуден ја претстави апликацијата ХЕВЕН која ги користи камерите , микрофоните и акцелерометрите на телефонот како сензори за мониторирање на околината. Телефонот со активирана апликација се остава на видно место да ја има прегледност на целата околина. Во случај некој да влезе во просторијата, апликацијата ги активира камерите и микрофоните и прави фотографии и снимка од натпрапникот. Хавен има опција инстантно да го испрати снимениот материјал на телефонот кој го носите со вас.

„Ако сакаш инстант аларми, како СМС за активирање на некој од сензорите, или порака со снимена содржина, освен вишок телефон ќе ти треба и дополнителна СИМ картичка,  од кој ќе може да се испраќаат СМС-и. Апликацијата поддржува и испраќање пораки на Сигнал, за што пак ти треба екстра СИМ-от. Кодот на програмата ХЕЈВЕН е слободен за преземање и е наменет за активистите, борците за човекови права и други луѓе изложени на ризик. “

Сноуден кој во 2013-та година ја откри американската програма за шпиунажа, објавувајќи тајни документи сега работи како програмер и создава апликации за паметни телефони. Тој денес  живее во Русија, каде што доби азил, а државните власти одбиваат да го предадат на американските власти.

 
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени