| 17.01.2018. ПО ДОМА

Хипертензијата, или високиот крвен притисок, е притисокот на крвта врз артериските ѕидови. Со тек на време, високиот притисок може да предизвика оштетување на крвните садови што доведува до разни заболувања на срцето и бубрезите, мозочен удар и други проблеми.

Хипертензијата често пати се нарекува и „тивок убиец“ бидејќи не дава препознатливи симптоми и може со години да биде незабележана и да не се преземе никаков третман за неа.

Многу ризични фактори за хипертензијата не можеме да ги контролираме, но некои од нив можеме – како што се исхраната и вежбањето. Еве каква храна треба да јадеме за да ја избегнеме оваа состојба:

 
 

1) Лиснати зеленчуци

Зеленчуците како марулата, кељот и спанаќот се богати со калиум кој им помага на бубрезите да се ослободат од вишокот натриум преку урината. Ова, за возврат, го намалува крвниот притисок. Избегнувајте ваков зеленчук во конзервирана варијанта бидејќи често пати во него е додаден натриум.

  
 

2) Бобинки

Бобинките, особено боровинките, се богати со флавоноиди кои ја спречуваат хипертензијата и помагаат при намалување на крвниот притисок.

 
loading...
 

3) Цвекло

Цвеклото е богато со азотен оксид кој помага за проширување на крвните садови и намалување на крвниот притисок, а тоа го постигнува во првите 24 часа откога е внесено во организмот.

4) Овес

Овесот изобилува со растителни влакна, а нема маснотии и натриум, правејќи го одличен за намалување на крвниот притисок како и за „полнење на горивото“ по будењето, бидејќи ќе ви даде енергија за остатокот на денот.

5) Лосос, скуша, и риби со омега-3

Рибите се одличен извор на протеин, а масните риби како скушата и лососот се богати и со омега-3 масни киселини кои ги намалуваат крвниот притисок, воспаленијата и триглицеридите, а богати се и со витаминот Д.

6) Ф’стаци

Тие помагаат за намалување на крвниот притисок со редуцирање на периферниот васкуларен отпор или затегнувањето на крвните садови, а една студија открила дека исхрана која вклучува една порција ф‘стаци дневно помага при ова.

7) Маслиново масло

Овој вид на масло е здраво бидејќи, меѓу другото, содржи полифеноли и е одлична алтернатива на маслиновото масло и путерот (за салати и готвење).

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени