| 16.03.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Тестирање на 250 шишиња вода од најголемите светски брендови купени во 9 различни држави низ светот, покажале дека речиси секое од нив содржело микропластика.

Истражувањето предвоено од новинарската организација Орб медиа, открива дека во просек имало 10 пластични честички на литар, секоја од нив поголема од човечко влакно. Научниот дел од студијата го врши Универзитетот на Њујорк во Фредонија.

„Откривавме пластика во шише за шише, бренд за бренд. Не се работи за посочување со прст на конкретни брендови, туку ова покажува дека таа е насекаде, дека пластиката станала доминантен материјал во нашето општество, и проникнува и во водата – во  производи што се основни за консумација,“ изјавува за Би-би-си професорката по хемија од Универзитетот, Шери Мaсон.

 
 

Би-би-си нагласува дека моментално нема докази дека консумацијата на многу мали честички пластика, можат да предизвикаат некаква штета, „ама откривањето на нивните потенцијални импликации е област која се истражува од науката.“

За професорката, откриените бројки не се катастрофални, ама се загрижувачки. На ова се надоврзуваат експертите кои за Би-би-си изјавуваат дека луѓето од земјите во развој чија вода од чешма е загадена треба да продолжат да пијат вода од пластични шишиња.

  
 

Во врска со резултатите, компаниите зад овие брендови објаснуваат дека нивните производи ги исполнуваат највисоките стандарди за безбедност и квалитет, и нагласуваат дека моментално нема никаква регулатива на тема микропластика или стандардизирани тестови за ова.

Истата професорка минатата година открива микропластика и во примероци вода од чешма, а други истражувачи ги пронаоѓаат истите честички во морска храна, пиво, морска сол и воздух.

 
loading...
 

Испитуваната вода е од 11 водечки глобални и локални брендови. Глобалните се: Аквафина, Дасани, Евиан, Нестле пјур лајф, Сан Пелегрино. Водечките локални брендови (пазарите се избрани заради бројната популација или релативно високата консумација на флаширана вода) се: Аква (Индонезија), Бислери (Индија), Епура (Мексико), Геролштајнер (Германија), Миналба (Бразил), Вахаха (Кина).

За да биде избегнат каков било ризик од контаминација, купување во продавниците и испораката на пакетот до лабораторијата постојано е сниман со камера.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени