07.03.2018.Ливадџија
| 21.03.2018. ДЕШАВКИ

Date : 13.04.2018. - 13.04.2018.
Location : Скопје
Venue : МОБ
Start : 20:00
Price : Unknown

Во петок, 13, април, 2018 г. нашиот познат тенор Благој Нацоски кој оваа година навршува 15 години меѓународна кариера, ќе одржи соло рецитал.

По ланскиот успешен настап, кога беше изведен циклусот „Зимско Патување” од Шуберт, за првпат во Македонија, годинава повторно ќе присуствуваме на еден несекојдневен настан.

Тоа ќе биде целовечерен Рецитал наречен “SOLE E AMORE” односно СОНЦЕ И ЉУБОВ, каде ќе слушнеме 20 соло песни од Винченцо Белини, Џоакино Росини, Џакомо Пучини, Франческо Паоло Тости, Рејналдо Хан и Бенџамин Бритн.

 
 

Во сите соло песни ќе преовладуваат токму љубовта и сонцето, односно со претежно весел карактер, кој буди оптимизам кај слушателот. Циклусот “Венеција” од Рејналдо Хан, ќе биде изведен исто така за првпат во Македонија.

Пијано придружба: Јанинка Невчева

Билетарница на МОБ: 02 3118-451
онлајн: www.mob.mk

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени