| 09.04.2018. ПО СВЕТОТ

Милијардерот и инвеститор Џорџ Сорос се подготвува за трговија со криптовалути. Како што пренесуваат агенциите, Адам Фишер кој гоконтролира макро инвестирањето во Сорос фондацијата, добил интерно одобрување за трговија со виртуелните пари.

Сорос неодамна на Светскиот економски форум во Давос изјави дека „виртуелните пари не може да делуваат како вистинска валута поради високата нестабилност“. Според Сорос, „се додека има диктатура во подем, ќе има и различни решенија, па властите во таквите земји ќе се свртат кон биткоинот“. По ваквите негови изјави, биткоинот „потона“ за 41 отсто. Падот кој се случи последните месеци мотивираше голем број инвеститори да ги преиспитаат своите ставови за криптовалутите.

(0)

 
 
Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени