| 15.03.2018. ПО ДОМА

Кога ќе се соочат со разводот, некои мажи почнуваат да гледаат на работите од различна перспектива. Тие тогаш размислуваат на друг начин за работите во бракот кои посакуваат да бидат поразлични.

Кога мажот ќе изгуби жена која ја сака, добива идеи за начини на кои би можел да промени некои работи, но веќе е доцна. Свесни се дека доколку следеле некои совети во животот можеби и не би дошло до развод.

Токму затоа, еден разведен маж споделува совети за бракот кои сите парови треба да ги прочитаат:

 
 

1. Никогаш не престанувајте да ѝ се додворувате на сопругата. Никогаш не ја сфаќајте здраво за готово. Не престанувајте да излегувате со неа. Бидејќи, со тоа што ја побаравте за жена, ѝ дадовте ветување дека секогаш ќе го штитите нејзиното срце бидејќи е вашето богатство. Па, нека не ве мрзи и потсетувајте се дека таа ве одбра затоа што ве сака и ви верува. Не ја разочарувајте.

soveti-za-brakot-od-razveden-mazh-koi-site-parovi-treba-da-gi-prochitaat-02.jpg

2. Секогаш барајте го најдоброто во неа. Фокусирајте се само на работите кои ги сакате кај неа. Бидејќи, ако се фокусирате на работи кои ве нервираат, ќе почнете сè повеќе да ги забележувате нејзините недостатоци. Ако вашиот фокус е на љубовта, ќе бидете исполнети само со љубов.

  
 

3. Штитете го вашето срце. Иако сте се обврзале да го штитите срцето на жената, не заборавајте и на вашето. Никогаш не престанувајте да се сакате себеси. Бидете внимателни и со вашите емоции. Сакајте ги и почитувајте ги сите, но чувајте посебно место во срцето за вашите најдлабоки чувства кон сопругата.

4. Заљубувајте се одново. Двајцата ќе се промените, и тоа е нормално. Не сте истите луѓе како пред да се венчате. Промените ќе доаѓаат со тек на време и тоа значи дека секојдневно треба да правите нешто за повторно да се заљубувате еден во друг. Само така може да го направите бракот цврст и отпорен на промени.

5. Земете целосна одговорност за вашите дела и емоции. Запомнете дека вашата сопруга не е виновна за тоа како вие се чувствувате. Вие сте одговорни за вашата среќа, тага или лутина. Секогаш наоѓајте начини да се усреќите, бидејќи само така ќе ја пренесете и во бракот.

 
loading...
 

6. Никогаш не ја обвинувајте жената за вашите грешки и незадоволство.Кога се чувствувате луто и фрустрирано, запомнете дека таа не е виновна. Тоа се ваши емоции. Кога ќе се почувствувате така, избројте до 10 и погледнете во себеси за да ја разберете причината зад тоа.

soveti-za-brakot-od-razveden-mazh-koi-site-parovi-treba-da-gi-prochitaat-04.jpg

7. Не е ваша работа да ја менувате или „поправате“ вашата сопруга. Ваша работа е да ја сакате каква што е без да очекувате да се промени.

8. Оставете да биде по нејзино. Нејзиниот феминистички дух е составен од емоции и промени. Разберете дека нејзиното расположение е променливо и понекогаш следете ја и дозволете да биде како што сака. Покажете и дека не одите никаде. Дека сте секогаш покрај неа, поддржувајќи ја.

9. Бидете присутни. Посветувајте ѝ внимание и фокусирајте се на неа. Заборавете на сите други работи и кога сте со неа, бидете само со неа.

10. Бидете смешни и откачени. Засмејувајте ја вашата сопруга. Животот е краток, не сфаќајте сè сериозно. Уживајте во него.

11. Задоволувајте ја емоционално, како и сексуално. Секогаш покажувајте ѝ физички колку ве привлекува. Покажете си дека двајцата сте создадени еден за друг.

soveti-za-brakot-od-razveden-mazh-koi-site-parovi-treba-da-gi-prochitaat-07.jpg

12. Дајте ѝ простор. И на жената секогаш ѝ е потребно време за себе. Имајте го тоа на ум и почитувајте го. Понекогаш сè што ѝ е потребно е да биде сама и да си посвети време на себеси, правејќи што и да и годи на душата.

13. Немојте да бидете идиот. Двајцата правите грешки. Таков е животот. Но, немојте да бидете од оние кои не можат да поминат преку нив.

14. Бидете искрени со неа. За да имате взаемна доверба, двајцата треба да сте искрени еден со друг, целосно. Не треба да има ниту една ситница што ќе ја скриете еден од друг. Потребно е многу храброст за ова, но вреди.

15. Никогаш немојте да престанете да инвестирате во вас. Не паѓајте во монотонија. Секогаш барајте нови работи, активности, хобија кои ќе го освежат вашиот однос.

16. Простувајте веднаш. Престанете да носите товар од минатото, фокусирајте се на иднината која ќе ја имате. Секогаш е подобар избор да простите отколку да собирате гнев во себе. Запомнете, прошката е слобода. А, ако имате избор:

17. Секогаш бирајте љубов. На крајот на денот, тоа е најважното нешто што вреди. За тоа живееме.

soveti-za-brakot-od-razveden-mazh-koi-site-parovi-treba-da-gi-prochitaat-08.jpg

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени