| 05.12.2017. ЗДРАВА ХРАНА

Аахххх, пилешки крилца… Знаете дека не морате да отидете до најблиската кафеана или бар, секој пат кога ќе ви се пријаде од овие фино потпечени, крцкави, глазирани крилца со одлична текстура на вкусови од зачини кои едноставно ги ставаат на пиедесталот за едно од најпогодните мезиња додека уживате во ладното пиво или сортното вино. Ете, Фичо ќе го сподели неговиот омилен рецепт за совршени пилешки крилца, со зачини и маринада за да можете и вие да си ги правите во домашни услови кога и да посакате….

Состојки:

– 1 кг. помеснати крилца

 
 

Зачини:
– сол и бибер
– 2 лажици ворчестер сос
– малку кари
– малку оригано
– сенф во прав
– мускатно оревче
– маслиново масло

Сос:
– 400 мл. доматен сос за маринирање
– 80 гр. балсамико оцет
– мусковадно темен шеќер
– чили во прав

Крилцата ставете ги во сад и зачинете ги со сол, бибер, ворчестер сос, малку кари, малку оригано, малку мускатно оревче, сенф во прав и маслиново масло.

  
 

Во доматниот сос додадете го оцетот и зачините. Додајте го во крилцата и добро промешајте ги со раце, да ги примат сите состојки. Ако имате време, оставете ги неколку часа да ја впијат маринадата.

Печете ги крилцата 25 минути на 200 степени без вентилатор. Потоа вклучете го вентилаторот додека да добијат боја по ваша желба, или уште околу 20 минути.

Сервирајте!

 
loading...
 

За комплетен ручек, во тавата може да додадете полуварени компири. Зачините слободно прилагодете ги по ваша желба.

Крв да ви се стори!

(5)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени