| 27.01.2018. ЕВОЛУЦИЈА

На една аукција одржана во Париз деновиве беше понуден и еден примерок на Спачек од 1949 година, проценет меѓу 12 и 15 илјади евра.

Но сите ги изненади постигната цена од 75.600 евра, колку што за него понуди еден холандски музеј. Во прашање е еден од првите произведени примероци на Citroen 2CV Tip A, како што му е официјалниот назив. Легендарниот Спачек беше претставен на 7 октомври 1948 година на салонот на автомобили во Париз. Сериското производство започна во 1949 година, а во првата серија беа направени 876 автомобили. Токму од нив е и овој споменатиот, кој има број на шасија 458. Овој факт најмногу влијаеше на конечната цена, бидејќи друг примерок на Спачек од 1951-тата постигна „само“ 17.400 евра.

Инаку, на истата аукција еден Bentley Mulsanne од ’81 се продаде за 12.000 евра, а Jaguar XJ 4.0 од 1995 година за 4.800 евра.

 
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
25.01.2018. The Chef
24.01.2018. Ливадџија
26.01.2018. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени