| 10.10.2017. ПО СВЕТОТ

Се­кој скоп­ја­нец и дој­де­нец во гра­дот си има оми­ле­но ме­сто во чар­ши­ја­та. Ова не са­кам да зву­чи де­ка Ста­ра­та скоп­ска чар­ши­ја е са­мо на скоп­ја­ни, тоа, ве­ру­вам, де­ка нај­мал­ку би са­ка­ле да го ка­жат тие што со де­це­нии се­кое утро го пи­јат ча­јот или ка­фе­то со со­се­дот од ду­ќа­нот до нив, ту­ку, ед­но­став­но, де­ка се­кој што со го­ди­ни жи­вее во овој град има свои спо­ме­ни за Ста­ра­та скоп­ска чар­ши­ја. Се­кој си има свое ме­сто за кое мо­же со ча­со­ви да збо­ру­ва. Чар­ши­ја­та во Скоп­је се­ко­гаш бу­ди уба­ви спо­ме­ни.

Си­но­ним за зла­тар­ни­ци и за сла­ткар­ни­ци, за јор­га­ни и за ќе­би­ња, за убав на­кит од фи­ли­гран, за кон­ци и за вол­на за пле­те­ње, за клом­пи и за опин­ци, кои во ед­но вре­ме беа мно­гу мо­дер­ни да се но­сат по Скоп­је, за крз­на од ли­си­ци, кои на­ши­те мај­ки ги но­сеа око­лу вра­тот и за бун­ди на кои беа гор­ди де­ка се од чар­ши­ја­та, а не ку­пе­ни од не­кое ле­ту­ва­ње кај јуж­ни­от со­сед. Ма­те­ри­ја­ли за ши­е­ње, бас­ми, жер­се, жор­жет… Кај ќе нај­деш ср­ма, ла­ме, ка­ди­фе, штрас, ако не во чар­ши­ја­та? Ако не­ма во ду­ќа­нот ка­де што нај­че­сто одиш, та­му ќе ти по­мог­нат и ќе те упа­тат на ви­стин­ско­то ме­сто.

carsija 10

 
 

Ти тек­на­ло да ва­риш ра­ки­ја во ка­зан? Оди кај ла­ма­ри­на­рот Си­мо, та­му ќе ти на­пра­ват ка­зан ка­ков што са­каш. Са­каш да ја вра­миш сли­ка­та или ре­про­дук­ци­ја­та, мо­же­би гоб­ле­нот? Во стак­лар­ски­от ду­ќан „Ог­ле­да­ло“ има­ат се­ка­кви рам­ки и стак­ла, вед­наш ќе би­деш ус­лу­жен. Ма­ри­на и Игор ќе пра­ват кр­штен­ка за ќер­ка­та Или­на? Се знае, се ку­пу­ва по­да­рок од зла­то – обе­тки, ал­ка, син­џир­че, пр­стен, во „Цир­кон“. До­шол праз­ни­кот Бла­го­вец, на 7 април, то­гаш се дуп­чат уши­те на де­вој­чи­ња­та. Зла­тар­ни­ци­те во чар­ши­ја­та се пре­пол­ни со ро­ди­те­ли и со по мал­ку расп­ла­ка­ни де­вој­чи­ња, кои ги но­сат пр­ви­те обе­тки на уши­те. По из­вр­ше­на­та „опе­ра­ци­ја“, се знае, че­сте­ње во сла­ткар­ни­ца, на не­што бла­го.

За не­ко­го пр­ва­та асо­ци­ја­ци­ја за чар­ши­ја­та е ќе­бап­чил­ни­ца­та „Де­стан“, ко­ја ла­ни прос­ла­ви 100 го­ди­ни од по­сто­е­ње­то. Ако са­ка­те ори­ен­тал­ни сла­тки ви­стин­ски из­бор е „Охрид“, ко­ја по­стои по­ве­ќе од 100 го­ди­ни и се на­о­ѓа спро­ти по­ра­неш­на­та сто­ков­на ку­ќа „Илин­ден“. Ту­ка се ја­де млеч­ник, сут­ли­јаш, ка­зан­ди­бе, ашу­ре, ка­да­иф… Со уба­во тур­ско ка­фе, сла­тки­те, ед­но­став­но, се то­пат в уста.

carsija

  
 

Не­ко­му ко­га ќе му ја спо­ме­неш чар­ши­ја му тек­ну­ва на злат­ни­те де­ве­де­сет­ти го­ди­ни од ми­на­ти­от век ко­га во Скоп­је ца­ру­ва­ше за­ба­ва­та. „Ме­на­да“, „Мон­дри­јан“, „Ара­рат“, „Џа­џо“,  „21“ беа оми­ле­ни­те ме­ста за из­ле­гу­ва­ње на це­ла ед­на ге­не­ра­ци­ја, ко­ја израс­на во чар­ши­ја­та. Ни­кој со ни­ко­го не се до­го­ва­ра­ше, си­те та­му се на­о­ѓаа. На свир­ки во „Џа­џо“ и „21“, на го­ле­мо пи­во во „Ара­рат“ кај Са­ле и Ла­ци и на до­бра му­зи­ка и уште по­до­бро дру­же­ње. Се ра­ѓа­ше љу­бов, се рас­ки­ну­ваа вр­ски, се прос­ла­ву­ва­ше за­пи­шу­ва­ње на фа­кул­тет, а по­тоа и по­ло­жу­ва­ње на не­кој ис­пит. От­та­му се трг­ну­ва­ше на кон­цер­ти во „Кур­шум­ли-ан“, а по­тоа по за­вр­шу­ва­ње на за­ба­ва­та, пак на по ед­но пи­во. Во ју­ни во „Су­ли-ан“ се оде­ше на го­диш­на­та из­лож­ба на сту­ден­ти­те од Фа­кул­те­тот за ли­ков­ни умет­но­сти, а во „Ка­пан-ан“ на свир­ки на до­маш­ни гру­пи.

Во последните неколку години „Куршумли-ан“ во септември или октомври стана центар на оние кој ги сакаат иновациите во дизајнот. Една седмица се одржува „Недела на дизајнот“ во Скопје, каде што слободно може да се преселите во „Курчумли-ан“. Има храна, пијалоци, одлична забава, изложби, концерти…

Тие што го са­каа ми­ри­сот и вку­сот на ча­јот си го зна­е­ја ме­сто­то во „Бе­зи­стен“. Ча­јот пос­лу­жен во пор­це­лан­ски шол­ји и на­пра­вен со мно­гу љу­бов има­ше единс­твен вкус.

 
loading...
 

Крз­нарс­тво и шап­карс­тво – за­на­е­ти што изу­ми­ра­ат

slatki01

Ко­га ќе го од­ми­не­те но­ви­от пло­штад „Кар­по­шо­во во­ста­ние“, спро­ти цр­ква­та „Све­ти Ди­ми­три­ја“ и се­га ве­ќе по­ра­неш­на­та сто­ков­на ку­ќа „Мост“, на вле­зот во чар­ши­ја­та ве пре­че­ку­ва сла­ткар­ни­ца­та „Ри­га­ра“. Та­му во ле­то жед­та се га­си со не­кол­ку топ­ки сла­до­лед и со сту­де­на бо­за или ли­мо­на­да, а во зи­ма се ја­дат па­до­бран­ци, ек­ле­ри, ту­лум­би, ин­ди­јан­ки, три­ле­че. Љу­без­ни­от Ше­нел ќе ве ус­лу­жи без проб­лем.

– Сла­ткар­ни­ца­та по­стои од 1978 го­ди­на. Ја ос­но­ва­ле бра­ќа­та Му­ста­фа и Не­хат Ха­џи. На по­че­то­кот ра­бо­те­ла од­лич­но, но во еден пер­и­од, ко­га за­мре жи­во­тот во чар­ши­ја­та, про­ме­тот бе­ше пос­лаб. Во пос­лед­ни­те го­ди­ни се вра­ти­ја му­ште­ри­и­те и ме­ша­ни­ца­та низ чар­ши­ја­та. Стран­ци­те ко­га ше­та­ат низ чар­ши­ја­та ре­дов­но се на­ши го­сти во сла­ткар­ни­ца­та. Ние има­ме са­мо тра­ди­ци­о­нал­ни сла­тки. Та­ка сме поч­на­ле и та­ка про­дол­жу­ва­ме – ве­ли Ше­нел.

По вкус­ни­те па­до­бран­ци, ја про­дол­жу­ва­те про­ше­тка­та низ чар­ши­ја­та. Па­тот ве во­ди на­кај „Ту­рист“ пред вле­зот на „Ка­пан-ан“, а ту­ка со де­це­нии е ду­ќа­нот „Крз­нарс­тво – Ма­ри­ја“. Бун­ди, ка­пи, шу­ба­ри, крз­но од ли­си­ци за око­лу врат, ку­ни, во по­но­во вре­ме топ­лин­ки за бе­би­ња и за де­ца, ко­же­ни ман­ти­ли и јак­ни.

carsija 05

Со игла бунар копаме, вели крзнарот Кочов

Во ду­ќа­нот го срет­нав­ме Јо­ве Ко­чов, кој ни рас­ка­жа за ду­ќа­нот, но и не­што и за крз­нар­ски­от за­на­ет.

– Овој за­на­ет е 80 го­ди­ни во се­мејс­тво­то. Прв поч­нал да го изу­чу­ва де­до­то, ка­ко чи­рак и от­то­гаш е во се­мејс­тво­то. Име­то на ду­ќа­нот е по ба­ба­та Ма­ри­ја, а мај­сто­рот е Трај­ко. Фа­ла бо­гу, и двај­ца­та – Трај­ко и Ма­ри­ја сѐ уште се жи­ви и здра­ви. Од 1992 го­ди­на про­дол­жу­ва­ат да ра­бо­тат две­те ќер­ки – Пан­до­ра и Оли­ве­ра. Се­га че­ка­ме на подм­ла­до­кот да го про­дол­жи за­на­е­тот. Јас сум зет во се­мејс­тво­то – ја поч­ну­ва при­каз­на­та Јо­ве Ко­чов.

Крз­нарс­тво­то е за­на­ет во изу­ми­ра­ње, тоа е се­зон­ска ра­бо­та.

– Со иг­ла ко­па­ме бу­нар. Ние во зи­ма тре­ба да го из­ва­ди­ме ле­бот за це­ла го­ди­на, за да мо­же да жи­ве­е­ме – ве­ли мај­стор Јо­ве.

Во ду­ќа­нот се про­да­ва­ат си­те про­из­во­ди од крз­но, а се вр­ши и ко­рек­ци­ја на бун­ди, пре­фа­зо­ни­ра­ње на крз­не­ни про­из­во­ди.

Ко­чов твр­ди де­ка чар­ши­ја­та е мно­гу по­без­бед­на од дру­ги­те на­сел­би и де­ло­ви во Скоп­је.

– Фа­ктот де­ка ни­ту ед­на бан­ка во чар­ши­ја­та не бе­ше огра­бе­на го­во­ри мно­гу за тоа ка­ко те­че жи­во­тот ту­ка. И ко­га не­ма­ше по­се­ти­те­ли низ чар­ши­ја­та во еден пер­и­од, ние си­те за­ед­но, Тур­ци, Ал­бан­ци, Вла­си, Ро­ми за­ед­но пи­е­ме ка­фе. По­ли­ти­ча­ри­те са­каа да нѐ по­де­лат. Мис­лам де­ка ве­штач­ки се соз­да­ва проб­лем та­му ка­де што не­ма. Чар­ши­ја­та е не­де­ли­ва. Таа е ед­на од нај­у­ба­ви­те на Бал­ка­нот и се­кој ка­мен ту­ка си има сво­ја при­каз­на. Чар­ши­ја­та во Скоп­је е бу­кет од раз­лич­ни ро­зи. Твр­дам де­ка не­ма проб­ле­ми во чар­ши­ја­та. Ние до­ма за Ве­лиг­ден вап­са­ме по не­кол­ку таб­ли јај­ца и ги де­ли­ме на си­те во чар­ши­ја­та. За Ба­јрам ја­де­ме од нај­у­ба­ва­та бак­ла­ва – ве­ли Ко­чов.

carsija 09

Аб­ду­ла Шап­ка­рот е мај­сто­рот што го на­пра­ви на­ци­о­нал­ни­от ма­ке­дон­ски ка­скет

Ве­лат шап­ка­та ја чу­ва гла­ва­та, та­ка што во овие сту­де­ни зим­ски ме­се­ци ка­па, шап­ка, бе­ре­тка се нај­ба­ра­ни во ду­ќа­нот на Аб­ду­ла Му­ста­фа. Ду­ќа­нот на мај­стор Аб­ду­ла Шап­ка­рот се ви­ка „Ква­ли­тет“. Тој е мај­сто­рот што го на­пра­ви на­ци­о­нал­ни­от ма­ке­дон­ски ка­скет и шие шап­ки и ка­пи по­ве­ќе од 50 го­ди­ни. Кај не­го ку­пу­ва­ат си­те – од мла­до до ста­ро. И лет­ни и зим­ски ка­пи, шап­ки, кач­ке­ти…

– Др­жа­ва­та мо­ра да се за­ин­те­ре­си­ра за ста­ри­те за­на­е­ти. Јас овој за­на­ет го ра­бо­там пре­ку 50 го­ди­ни и од не­го жи­ве­ам и ја хра­нам фа­ми­ли­ја­та. Единс­твен сум со про­из­во­ди­те. Кај ме­не не­ма ки­не­ска сто­ка. Сѐ е рач­но на­пра­ве­но и со­ши­е­но. Ду­ри и овие бе­ре­тки што ги гле­да­те ов­де же­на ми ги пле­те до­де­ка се­ди ту­ка во ду­ќа­нот – ве­ли мај­стор Аб­ду­ла.

И знај­ни и нез­нај­ни ку­пу­ва­ат од кај мај­стор Аб­ду­ла. Тие што са­ка­ат да до­би­јат ква­ли­тет­ни про­из­во­ди зна­ат ка­де да дој­дат. Ра­бо­ти иск­лу­чи­тел­но со при­род­ни ма­те­ри­ја­ли.

– Ка­пи­те ги пра­вам за гла­ви, ама гла­ви не­ма – ве­ли мај­стор Аб­ду­ла.

Тој е ре­вол­ти­ран од тоа што се слу­чу­ва, а, ве­ли, и не­ма­шти­ја­та си го пра­ви сво­е­то.

carsija 11

– Ни­ко­гаш ја­ну­а­ри не бил ол­ку слаб со му­ште­рии. Јас си во­дам кни­га. Се­дум де­на ни­кој ми не­ма вле­зе­но во ду­ќа­нот. По­ли­ти­ка­та ги рас­и­па од­но­си­те. Ве­лат има ра­ци­ја во Скоп­ска­та чар­ши­ја. А ра­ци­ја има­ло на Бит-па­зар и по­тоа ни­кој не до­а­ѓа. Тез­ги­те на Бит-па­зар на­пра­ви­ја промет. Та­му ца­ру­ва­ат ка­пи­те и шап­ки­те од Ки­на. Тр­гов­ци­те се­ко­гаш до­бро жи­ве­ат. Шап­карс­тво­то е за­на­ет што изу­ми­ра и за­тоа ве­лам де­ка др­жа­ва­та мо­ра да се гри­жи за нас за­на­ет­чи­и­те – ја за­вр­шу­ва сво­ја­та при­каз­на мај­стор Аб­ду­ла.

Чаршијата, без разлика каква ја знаеме, стара, турска или скопска, ја живее својата етимологија. Зборот „чаршија“, потекнува од персискиот збор „чар-су“, што значи „четири страни“. А скопската чаршија уште е место каде што се собираат луѓе од четирите страни на светот.

Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска – www.republika.mk

(31)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени