| 27.12.2017. ЕВОЛУЦИЈА

„Епл“ се соочува со тужби, откако призна дека ги измамил корисниците на ајфон, без предупредување забавувајќи ги уредите кои имаат постари модели на батерии.

Милиони корисници од САД, но и низ целиот свет би можеле да побараат компензација за слабите перформанси на своите телефони, откако првите осум тужби беа поднесени во федералните судови во Калифорнија, Њујорк и Илиноис.

Компанијата призна дека промената во софтверот ја направила уште пред една година, што можело да ги наведе корисниците на погрешни обиди за решавање на проблемите, изјавија адвокатите.

 
 

Според весникот „Харец“, првата тужба на светско ниво е поднесена во еден израелски суд и „Епл“ засега не ги коментираше овие случаи.

Минатата недела, „Епл“ призна дека надградбите на оперативниот систем за некои модели на ајфон6 и ајфон7 содржат опција за израмнување на напојувањето на батериите, кои се стари, бавно се полнат или кога се изложени на студени услови. „Епл“ се правдаше дека со ова сакал да го спречи ненадејното гаснење на телефоните и со тоа да им помогне на корисниците.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени