| 10.01.2018. ПО ДОМА

Реномираниот физичар Стивен Хокинг во понеделникот го прослави својот 76 роденден. Ден порано зборуваше за депресијата на Кралскиот институт во Лондон.

Научникот на овогодинешното собирање на предавачи, повлече поетична паралела меѓу депресијата и црните дупки.

„Пораката на оваа лекција е дека црните дупки не се толку црни како што изгледаат. Не се вечни затвори, како што тоа некогаш изгледаше“, вели тој.

 
 

„Работи исто така можат да излезат од црните дупки, можеби дури и преку нив да преминат во некој друг универзум. Па така, ако имате чувство дека се наоѓате во црна дупка, не откажувајте се. Секогаш постои пат надвор“, додаде тој.

Хокинг исто така зборуваше и за прогресивната невромоторична болест која му беше дијагностицирана во 1964 година, а која го онеспособува и му ги ограничува движењата и говорот.

„Иако имав несреќа да ја добијам оваа болест, имав огромна среќа да добијам се останато. Имав среќа да се занимавам со теориска физика во вака интересни времиња. Тоа е една од областите во која мојот инвалидитет никогаш не претставувал сериозен хендикеп“, изјави Хокинг.

  
 

„Исто така важно е да се ослободите од лутината, колку и да ви се чини дека животот е тежок. Ако не можете да се смеете себеси и животот, тогаш ја губите секоја надеж“, заклучи Хокинг.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени