| 24.11.2017. ПО ДОМА

Студијата која беше спроведена од истражувачите на RMIT Универзитетот, објавена во списанието Environmental Research, покажа дека изложеноста на органска храна дури и само за една недела значително ја намалува концентрацијата на пестициди кај возрасните.

Тринаесет испитаници биле случајно избрани да консумираат диета која содржи најмалку 80% органска или конвенционална храна во текот на една недела, а потоа научниците ги анализирале уринарните нивоа на пестициди и откриле дека мерењата на уринарните дијалкилфосфати (ДАП) биле 89% пониски кај учесниците кои јаделе органска храна седум дена по ред во споредба со они кои јаделе конвенционалната храна за истото време.

За да се разбере проблемот со пестицидите, корисно е да се разгледа историјата на употребата на пестициди. Пред Втората светска војна, пестицидите кои ги користиме денес сѐ уште не постоеле. Некои пестициди што се користат во моментов биле всушност развиени за време на Втората светска војна за употреба во војната. Органофосфатните инсектициди биле развиени како нервни гасови, а фенокси хербицидите, вклучувајќи го и 2,4-D (најчесто користен хербицид во Канада), биле создадени за искоренување на јапонската оризова култура, а подоцна се користеле како компонента на Agent Orange за да се дефолираат големи области во џунглите каде што имало војување. По Втората светска војна, овие хемикалии почнале да се користат како пестициди во земјоделското производство, за површинско распрскување во населбите за искоренување на комарците и за индивидуална употреба во домот и во градината.

 
 

Студијата исто така има и големи импликации за децата

Конвенционалното производство на храна вообичаено користи органофосфатни (ОФ) пестициди, кои можат да имаат негативни здравствени ефекти, додека органската храна се смета за поздрава, бидејќи се произведува без овие пестициди. Истражувањата укажуваат на тоа дека потрошувачката на органска храна може значително да ја намали изложувањето на OФ пестициди кај децата кои имаат релативно поголема изложеност на пестициди отколку возрасните поради нивната различна диета, телесна тежина, однесувањето и помалку ефикасен метаболизам.

Поврзано видео

  
 

Подолу е многу интересен клип со наслов “Органскиот ефект” од шведскиот Институт за истражување на животната средина. Погледнете што се случило кога ова семејство решило да се префрли на органска храна.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
23.11.2017. Ливадџија
24.11.2017. Ливадџија
22.11.2017. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени