Како што привршува судењето на генералот Ратко Младиќ, главниот командант на силите на босанските Срби за време на војната во Босна 1992-1995 година, Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија ќе престане да постои.

Но, прашањата ќе останат во врска со судбината на стотици други обвинети за кршење на законите на војната. Босна и Херцеговина ќе продолжи со обидите да суди некои од нив во своите судови, но во таа република прашањето за продолжување со обвиненијата има поделени мислења во јавноста.

Во текот на 24-те години од своето работење, Трибуналот обвини повеќе од 160 лица. Тука имаше од стражари во озлогласениот логор Омарска, каде што несрпското население се наоѓаше во ужасни услови во 1992 година, до архитектите на нападот врз Сребреница три години подоцна, каде што беа убиени повеќе од 8.000 муслимански мажи.

 
 

Кога Мевлудин Ориќ се враќа во источна Босна, понекогаш ги забележува луѓето кои последен пат ги видел во 1995 година, егзекутирајќи стотици негови сограѓани од Сребреница. “Слободно шетаат, ми се смеат во лице”, вели Мевлудин, велејќи му: “Јас сум оној кој убиваше муслимани, Турци” и се уште шетаат слободно.

 

  
 

 

Првпат се запознав со Мевлудин во 1996 година, неколку месеци откако глумеше мртов за да го преживее дождот од куршуми врз стотици затвореници од српските трупи. Тој сведочеше во три судски процеси во Хаг.

Денес неговите особини остареле дури и повеќе отколку што би очекувале во текот на тој временски период и сосема е јасно дека Мевлудин никогаш не бил во можност да ги остави тие страшни настани зад него.

 
loading...
 

меѓутоа, тој не ги гледа прашањата за воени злосторства објективно. Неговиот братучед, Насер Ориќ, бил добро познат командант на муслимански сили во Сребреница, на кого и самиот му се судеше во Хаг, обвинет за убиство на српски затвореници.

Тој беше ослободен од обвинение, но минатата година во судот на БиХ беше лансирана судска постапка за истото дело против него. Кога беше ослободен од обвиненијата еден ден по нашето снимање, Мевлудин беше радосен.

“Секој народ, Срби, муслимани, Хрвати сметаат дека обвинетите од својот народ се невини, но сметаат дека само” другите “се виновни”, вели поранешниот претседател на парламентот на босанските Срби, Момчило Крајишник, истакнувајќи дека “има многу субјективност.”

 

 

Г-дин Крајишник поминал 13 години во разни затвори, меѓу кои и во Белмарш и Њукасл во Велика Британија.

Додека тој посочи дека челниците на хрватските и муслиманските собранија не биле обвинети за слични кривични дела за одговорност за она што се случило, кога се запознавме г-дин Крајишник прифати генерално дека тој го одлежал своето време и бесмислено е да се нарекува неправда.

Наместо тоа, тој укажа на секцираната призма преку која луѓето сè уште го гледаат процесот на воени злосторства и повика на помирување меѓу трите главни народи на републиката.

Прашањето сега е дали обидите да се гради иднината на земјата се помага или се спречува со понатамошни обвинувања. Многумина не можат да прифатат дека треба да заврши тој процес.

Мија Карамехиќ, која имаше седум години кога беше ранета за време на опсадата на Сараево, ми рече дека никој досега не бил обвинет за пукањето на граната која убила 20 лица во нејзината улица. Таа смета дека е неопходно да се продолжи со судските процеси, но во исто време ги обвинува политичарите од сите заедници за искористување на војната во свои агенди.

“Секоја партија што доаѓа на власт”, смета таа, “го издвојува волшебниот рецепт за победа на уште еден избори, што е национализам и непријателство”.

 

 

Мија сега очекува бебе. Таа и нејзиниот партнер сметаат дека политичката ситуација е безнадежна и вели дека може да си замине ако вистинска академска или можност за вработување се отворат на друго место.

За постарите жртви постојат различни причини за останување. Нуврета Сивак работела како судија во северозападниот босански град Приедор, кога изби војната. Таа беше отпуштена и наскоро потоа беше испратена во кампот Омарска, заедно со околу 6000 не-српски мажи и 36 други жени затвореници.

Таа видела неописливи ужаси таму, “масовни убиства, тортура, малтретирање, гладување, тепање”. Она била силувана.

 

 

Понекогаш Несрета посакувала да умре, но “тогаш си реков ако еден ден ако го преживеам ова, се надевам дека ќе можам да сведочам и можеби нешто добро ќе излезе од тоа”.

Не само што сведочеше на судењето на стражарите во Хаг, туку стана и еден од оние муслимани кои се вратија во Приедор по војната, одбивајќи да го прифатат “етничкото чистење” што се случи таму во 1992 година.

На снимањето со неа на улиците и во кафулето отворено од друг повратник, сосема беше јасно дека нејзината одлука да го живее својот живот во Приедор (кога многу преживеани од Омарска и другите кампови избраа понуди за азил во странство) покажа пркос од многу висок степен. И нема ништо просто и едноставно во тоа.

За време на минатите децении, некои од оние што ги брутализирале затворениците од Омарска го отслужиле своето време и се вратиле дома. Нусрета ни кажа дека видела тројца од нив на улиците. Еден се обидел да разговара со неа, обидувајќи се да и покаже се кае за стореното.

Неверојатно, ама овие поранешни чувари, исто така, понекогаш го носат мантилот на жртвата. Зборувавме со Мирослав Квочка, осуден во 2001 година. Тој го отфрли правниот концепт на “злосторничко здружување” под кое судот го прогласи за виновен и ни инсистираше, како што тоа го правеше во Хаг, дека ги спасил браќата на сопругата муслиманка, “од сечење на нивните грла” во Омарска.

 

 

Враќајќи се во Приедор, немаше сомнеж дека Мирослав не може да продолжи со работата како полицаец, наместо тоа сега е ангажиран како наемна сила, вели дека “никој не сака да вработи воен злосторник”. Повлекувајќи длабоко од цигарата, тој изгледа како шуплив човек заради неговите искуства, исто како Мевлудин, но еден е осуден, другиот е жртва.

Додека Нусрата Сивак е генерално позитивна за работата на меѓународниот трибунал, верувајќи дека тие случаи никогаш не би можеле да бидат судени во Босна, таа е критична во однос на изјавите за признавање на вината и смета дека пресудите се премногу кратки.

Таа признава дека луѓето се “заморуваат” од судските процеси и чувствуваат дека ќе се зашуткаат на крајот, додека сведоците стареат и волјата да се гонат полека се губи.

Момчило Крајишник чувствува дека дојде моментот да се запре, во интерес на помирувањето и дека продолжувањето со овие случаи “сеуште е војна, но на различни начини”.

Би било примамливо да се согласам со ова тврдење – освен тоа што ќе остави толку многу кои страдале без средства за правна заштита.

Марк Урбан – Би-Би-Си

(121)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени