| 09.11.2017. ПО СВЕТОТ

Дали досега сте си правеле екскурзии на умот како сакате да си ги спакувате куферите и да ја барате среќата по белиот свет, можеби на некое мало пикторескно место во Италија, да си правите болоњезе од нула и да пијуцкате убаво вино и не се грижите за ништо на овој свет? Епа драги наши, ова може да биде најдобро време за тоа, бидејќи еден градоначалник им плаќа на луѓето да се преселат во Италија.

Кандела е шармантен град, сместен во југоисточниот регион на Италија. Се наоѓа во провинцијата Фоџа, во регионот Апулија. Дури и имињата звучат толку убаво!

 
 

Како што прочитавте погоре, ако не им се верува на вашите очи, еве го пак – Градоначалникот на Кандела, Никола Гата, им плаќа на луѓето да се преселат во овој мал дијамант. Тргнете по куферите!

Како Гата дојде до оваа идеја? Па, иако градот е прекрасен, тој е супер мал. Гата бара да се зголеми популацијата!

 
 

Во моментов, бројот на населението се наоѓа на нешто помалку од 3.000 луѓе.

Назад во 90-тите, Кандела имаше повеќе од двојно население, со над 8.000 луѓе.

 
loading...
 

Гата ќе им надомести на секакви семејни статуси – синглови, двојки и семејства – но, се разбира, колку повеќе, толку побогато.

“800 евра за синглови, 1.200 евра за парови, 1.500 до 1.800 евра за тричлените семејства и над 2.000 евра за семејствата”, вели Стефано Басјанели, помошник на Гатта.

Арно ама има и нешто што си повлеквит, а тоа е и дека ќе треба да работите таму. Не мислевте сериозно дека само ќе се преселите и ќе ви дадат пари, онака…

Оние кои се преселат мора да изнајмат или купат куќа и да најдат работа која плаќа најмалку 7.500 евра годишно, што и не е некоја сериозна сума. Значи, воопшто не е лошо.

Кандела може да се пофали со неверојатна убавина – без сообраќај, загадување и бучни луѓе.

За вас Сопјани звучи како сон, м?

“Тоа е тивок и едноставен начин на живот. Нема народ, лесно се движите од точка А до точка Б, нема сообраќај, ниту смог”, вели жител на Кандела, Франческо Делвекио.

Покрај тоа што се наоѓаат во Кандела, постојат и други блиски, сценски региони кои исто така можат да се истражуваат.

“Ние сме во центарот на крстосницата помеѓу три прекрасни италијански региони: Кампанија, Базиликата и Молизе, со сите чуда што ги нудат на дофат”, вели Делвекио.

Ех да, покрај сценските пејзажи, има изобилство домашни тестенини, пици, итн.

Значи, спремајте ги торбите додека градоначалникот е расположен, зошто после ќе нема. Земете си пријател, дечко, женска или целото семејство и бидете платени за да се преселите во Италија!

(1232)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени