| 26.11.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Шведска фабрика во северозападниот дел од Стокхолм се надева дека до 2020 година ќе престане да троши фосилни горива и ќе ги заменат со рециклирано дрво и ѓубре, вклучувајќи и отпадна облека од познатиот синџир за облека H&M. Годинава тие веќе имаат изгорено 15 тони облека на H&M, пишува Inhabitat.

Фабриката ја поседува и со неа управува Malarenergi AB во градот Вастерас и работи на транзиција од нафтата и јагленот. Како латернатива за таквите горива се одлучуваат за отпадна облека. Нивната цел е да користат само обновливи и рециклирани горива.

 
 

Шведска има речиси целосно чист енергетски систем без емисија на штетни гасови поради ветрот, нуклеарната енергија и хидроцентралите, но некои локално заедници користат нафта и јаглен за греење во текот на зимата. Земјата се надева дека со претворање на старите фабрики да согоруваат ѓубре и биогорива целосно ќе се исфрли јагленот од употреба.

Се прашувате од каде доаѓаат алиштата на H&M кои се согоруваат во фабриката? Malarenergi има склучено договор со градот Ескилстуна да согорување на нивниот отпад, а дел од отпадот доаѓа од локалниот склад на H&M. Од компанијата велат дека H&M не ја гори облката која е безбедна за носење, но нивна законска обврска е да ја фрлат облеката која фатила мувла или не е во согласност со правилата за употреба на хемикалии.

(4)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени