| 02.04.2018. ПО СВЕТОТ

Никита Клеструп е политичарка, но не онаква како што Вие би ја замислиле. Таа доаѓа до Данска и е можеби најубавата и најзгодната политичарка која сте ја погледнале. Никита на својот Инстаграм профил постојано објавува провокативни фотографии, а токму поради тоа таа е омилена кај многумина.

Данската политичарка има само 23 години, а покрај политиката се занимава и со моделинг. Таа е родена во 1994 година и е ќерка на татко кој бил член на Социјално демократската парија и мајка која е поранешен член на Црвено – зелената алијанса.

Всушност, Никита беше член на Младите конзервативци до 2015 година, а за време на нејзиното членство во партијата, таа беше претседател на локалната асоцијација во Лоланд-Фастер од 2012 до 2014 година. Исто така се кандидираше на локалните избори во Данска во 2013 година за советник во општина Гулборгсунд.

 
 

Покрај политичката кариера, таа работела и како манекенка, вклучувајќи и топлес изданија. Комбинацијата на нејзината политичка работа и нејзиниот надворешен изглед ѝ овозможиле медиумско внимание.

На 110 годишнината на Универзитетот во Копенхаген во 2015 година, таа се појавила во провокативна облека која предизвикала возбуда и во домашните и странските медиуми. Истата година се појави со фотосесија за машкиот магазин M! каде исто така покажала повеќе кожа на насловната страница.

На тој начин, според анкетата спроведена на Гугл за Данска 2015 година, успеала да стане најпобаруваната политичарка на Данска  како и најпобаруваната жена на Данска.

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени