Пред да букираш смештај, провери на TripAdvisor дали имало сексуален напад во него

Posted by & filed under ПО СВЕТОТ.

Ви се случило да букирате преку агенција некој смештај што на сликите бил фантастичен, само за да се истоварите од автобусот и да видите дека сте сместени во некое гето некаде или ептен сомнително место? Нареден пат, ќе си знаете! TripAdvisor започна да поставува беџови до хотелите и одморалиштата кои се идентификувани како локации каде… Read more »

10 јули 1966 година… (3)

Posted by & filed under ПО СВЕТОТ.

Главна тема на зезанции во кабината на москвичот беше средбата на мајка ми со нудистите во кампот „Црвена главица“. Кој на мајка му во таа ‘66 година во СФРЈ можел да претпостави дека нудистите остварувале свои права и слободи, па добиле и свои кампови на Јадран. Иако на Велика плажа, ние копиљаана, одевме со километри… Read more »

Ауто камп „Црвена главица“… 10 јули 1966… (2)

Posted by & filed under ПО СВЕТОТ.

Прв пат се соочивме со камперската солидарност, хуманитарност и кооперативност. Само што го паркиравме москвичот на местото кое претходно мајка ми го обележала со знаменце, четворицата застанавме да ја разгледуваме и локацијата и околината, а веднаш, со онолкави насмевки не’ пречекаа соседите. Едни потрчаа по столчиња, други ни донесоа ладно овошје, сокови, вода, трети веќе… Read more »

Ве пуштија ли со домати преку граница!

Posted by & filed under ПО ДОМА.

А да напишеме едно колективно писмо до Ердоган, поточно признание и кање, во кое ке наведеме дека имаме сознанија и докази дека лично Груевски бил дел од организацијата која го има извршено “исфингираниот“ му пуч. Дека тој како експерт за “пучеви“ своето знаење, сознанија, и секаква друга морално – материјална подршка им има испрачано на… Read more »

Приказна за камперите од Скопје (1)

Posted by & filed under ПО СВЕТОТ.

10 јули 1966 година… Овој беше вообичаен датум кога семејството Трајковски тргаше на море, првото лето како кампери… Првиот шатор го купивме летото 1966 година у подрумот у Стоковна. Жут, со црвена мушама доле, за четири души. Двајца возрасни и две деца. Во една вреќа шаторот, во друга, помала, алуминиумски шипки на расклапање за конструкција… Read more »

Добредојдовте во Албанија, тхе М&М земја

Posted by & filed under ПО СВЕТОТ.

Откако ги напраивме држави б’лгарчета и малагите, на ред ни е Албанија. Слушнавме дека Саранда била Мека и Медина за класичниот Македонец, па решивме да ја проораме. Првото прашање беше агенција или сопствена режија. Бидејќи агенциите безброј пати наназад се покажале како платинско промашување, се одлучивме за опцијата под б). Мери со шублерот на картата,… Read more »

Одморска

Posted by & filed under ЕВОЛУЦИЈА.

                Скопје пекол вруќина, сите ојт в’туѓина, јужно Грчка, пакуј куфери, западно Албанија оптерети вуфери. Гепек пуни, кромиди, кифлици, на нозе влечки, опинци, клима нема, прозор отворен, музика јака, лакат потпрен. Зима ваздух, гњури, Глава доле, горе кондури. Што кондури само те стеже?! Така мора, долу има еже…. Read more »

Летна песна за Маќедонецот

Posted by & filed under ЕВОЛУЦИЈА.

                Лето дојде во Грчка треба да се оди, голема желба да си направам тело ми се роди, мора да имам на плажата најјако боди, и да си кулирам во морските води. Ќе го наполнам југото со бензин до горе, и полетувам на море, таму во 6 сабајле… Read more »

Кога одиш до Грција, во Дојран (треба да знаеш)…

Posted by & filed under ПО СВЕТОТ.

Некако во последниве три години, двапати ми се гаѓа Дан Младости да го “чествувам“ во Дојран. Сасвим случајно така се паѓа… Енивеј, оваа година имам и нешто да склопам како рецензија собрано од тие две посети. Како сакате сватете го, не ми прави разлика никаква. Времето оваа година се погоди, сабота, додека во Скопје се… Read more »

Сум платил ќе праам шо сакам

Posted by & filed under ПОД ШИРОКА КРОШЊА.

Секое лето во МК некој има прочитано дека ова лето е најтопло во последните 100 години. Најчесто и оваа година се летува на исто место како лани, пошто таму го знаеме газдата на апартманите, фурнаџијата, шанкерот или таа што работи во агенција. Во зависност од финансиите се бира и дестинацијата, све тече све се менува… Read more »