| 06.02.2018. ПО СВЕТОТ

Маж од Северна Каролина е уапсен под обвинение за инцест откако ја оставил својата сопруга и добил дете со својата ќерка која пред многу години ја дал на посвојување, пишува „Индепендент“.

Стивен Валтер Пледл (42) и неговата биолошка ќерка Кети Роуз Пледл (20) се уапсени минатата недела во својот дом во Кигтингдал откако бившата сопруга на Стивен и дојавила на полицијата дека нејзиниот поранешен сопруг и направил дете на својата ќерка. Имено, Кети недолго по раѓањето ја посвоило семејство од друга држава. Кога наполнила 18 години, со помош на социјалните мрежи се обидела да ги пронајде своите биолошки родители.

Во август 2016 година Кети отишла да живее со родителите и нивните две деца во нивниот дом во близина на Ричмонд, Вирџинија, а три месеци подоцна, во ноември, Стивен се развел од својата сопруга.

 
 

Таа на полицијата и рекла дека Стивен спиел на подот во собата на својата ќерка и дека, читајќи го дневникот на девојката, дознала дека Кети е бремена со детето на која Стивен му е татко.

Полицијата исто така објавила и дека Стивен им рекол на своите помали деца Кети да ја ословуваат како „маќеа“, иако таа, всушност, им е сестра.

Откако дознала за бременоста, директно го прашала Стивен дали е тоа вистина, на што тој и одговорил потврдно и дека планира да се ожени со Кети. Во јули Кети на својот профил на Инстаграм објавила дека се омажила за својот татко Стивен, иако тоа законски е невозможно. При апсењето, со Стивен и Кети било момче на возраст од четири месеци. Таткото и ќерката биле однесени во притвор под обвинение за инцест, прељуба и деликвенција.

  
 

Им била одредена кауција од милион долари, на секого. Стивен својата ја уплатил и во моментот е на слобода, додека Кети се уште се наоѓа зад решетки. Не е познато кој во моментот се грижи за нивното дете.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени