| 09.11.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Фанатичните сладокусци низ светот неделава беа забезекнати од страшни вести. Имено, Нутела одлучи да го смени рецептот за својот чоколадно-лешников намаз и оваа вест предизвика безмалку огромна паника кај фановите на Нутела.

На нивната фејсбук фан страна Verbraucherzentrale Hamburg (центарот за заштита на потрошувачите од Хамбург) објави дека Фереро, компанијата која го произведува Нутела кремот, тајно го сменила рецептот и додале повеќе шеќер и млеко во прав.

Количината на шеќерот отишла од 55.9 на 56.3 проценти, додека млекото во прав од 7.5 на 8.7 проценти.

 
 

Потрошувачите велат дека новата Нутела има посветла боја, а во врска со фактот за зголемувањето на количината на млеко во прав во рецептот, велат дека тоа е последица на обидот да заштедат на трошоци за набавка на вистинско какао.

Ако останеше тајно, можеби и немаше да се примети, ама вака сега… Во свет во кој компаниите се стремат да ги намалат шеќерите во своите производи за да бидат попривлечни на оние муштерии кои се грижат за своето здравје, оваа промена нема да помине позитивно, тоа е сигурно. И посакуваме многу среќа и успех за тази Нутела…

(54)

 
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени