| 25.10.2017. ДЕШАВКИ

Date : 27.10.2017. - 28.10.2017.
Location : Скопје
Venue : МКЦ
Start : 19:00
Price : 400 - 600 мкд

Telekom Electronic Beats премиерно во Македонија!

Го одбележуваме стартот на реномираната платформа за клубска музика, филм и уметност со настан кој не смеете да го пропуштите. За љубителите на добрата забава во Скопје специјално доаѓаат Âme (DJ SET), DJ Koze и Tijana T, a домашна поддршка пристигнува од Herzel.

Âme се диџеј/продуцентско дуо составено од долгогодишните пријатели Kristian Beyer и Frank Wiedemann. Уште од 2003 година го формираат своето партнерство во својот роден град Карлсруе и почнуваат да создаваат свој уникатен звук кој смело ги комбинира елементите што го полнат подиумот во клубовите со нивните лични концепти за музиката што допрва треба да се чуе. Дел се од лејбл/колективот Innervisions кој го водат заедно со Dixon. Оваа издавачка куќа е позната по контролата на квалитетот, со издавање на само 5-6 изданија годишно, но со врвен квалитет како што се Laurent Garnier, Chateau Flight, Stefan Goldmann and Culoe. Âme го започнуваат своето музичко патешествие носени од љубовта за Чикаго Хаус и Детроит Техно. Познати и респектирани се во диџеј светот по својата способност да ги искомбинираат своите различни влијанија презентирајќи ја целата историја на денс музиката, не водејќи се од моментални трендови. Тие што со нетрпение го чекаат настапот на Âme може да очекуваат патување низ историјата на денс музиката искомбинирано со одлични диџејски вештини.

 
 

DJ Koze е германски артист прогласен за најдобар диџеј во 1999 и 2004 од реномираниот трендсетерски магазин SPEX. Оваа заслужена награда ја добива како признание за своите успешни настапи во Германија и низ светот. Stefan Kozalla попознат како DJ Koze започнува со својата работа во Hamburg како hiphop диџеј, а признание за своите вештини добива и на DMC шампионатот за диџеи. Koze не се плаши да ескпериментира внесувајќи хумор во своите сетови, луди семплови како зезања по телефон и експериментирање со жанровите од електронската музика. Во неговите сетови изобилува хаус и диско музиката, добро искомбинирана со неговото hiphop влијание во жесток микс.

Тијана Т е истакната диџејка во клубскиот живот на Белград. Позната е по своите енергични и харизматични настапи, исполнети со хаус вокали. Оваа дама е врвен музички новинар, и еден од ретките српски таленти со меѓународна репутација што ја покажуваат нејзините настапи на големи фестивали и клубски журки од Њу Јорк до Ибица.

Домашна поддршка за настанот пристигнува од одличниот македонски диџеј и продуцент – Herzel, кој ќе настапи со live сет.

  
 

За искуството да биде целосно за љубителите на клубската музика, програма ја збогативме и со кино проекција и изложба. Во џебното кино на МКЦ од 19 часот ќе се прикажуваат документарните филмови:
– Raving Iran
– Richie Hawtin (Slices documentary)
DJ sets: 23 часот.

Картите за настанот можете да ги набавите на билетарата во МКЦ.
Предпродажба: 400 денари
На влез: 600 денари

27 ОКТОМВРИ TELEKOM ELECTRONIC BEATS ВО СКОПЈЕ!
http://www.electronicbeats.net/mk

 
loading...
 

(7)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени