| 08.11.2017. ПО СВЕТОТ

И ново ќе им ставиш и пак мочковци. Имено, проблемот кој индиските власти го имаат е тоа што во земјата има 52 милиони нови јавни тоалети, ама некако на мештаните повеќе им годи кога ги извршуваат своите физиолошки потреби во природа. Решението сепак бара доста работа, бидејќи властите решиле овој проблем на менталитетот да го средуваат со патроли. Да, да, патроли кои ловат мочковци и чија задача е јавно да ги засрамат и да ги казнат. Има фазла народ, нека патролира…

Секое утро во областа Бид во рурална Индија, тимови на државни службеници и волонтери “мотиватори” скитаат по селата за јавно да ги засрамат оние кои се ослободуваат на отворено. “Добро утро” одредите се дел од она што еден официјален претставник го нарече “најголемиот проект за промена на однесувањето било каде во светот”.

Ова е иницијатива на премиерот Нарендра Моди за чиста Индија. До октомври 2019 година, Моди вети дека секој Индиец ќе има пристап до тоалет, а земјата ќе биде ослободена од лошата слика на дефекација на отворено. Откако Моди дојде на власт, инсталирани се повеќе од 52 милиони тоалети. Но, сега финтата е, да ги натера луѓето да ги користат, а навики тешко се менуваат, така барем сме чуле.

 
 

А тактиката која се користи со јавното засрамување и со казните е во најмала рака контраверзна. Еден од селаните кој се огрешил, се жали дека сега е малтретиран откако станал мета за подбивање на сите во селото, што не е арно за него.

Индијанската санитарна криза е итен приоритет: 53 отсто од индиските домаќинства немале тоалет во 2011 година, покажуваат последните податоци од пописот. Човечките фекалии ги окупираат јавните површини, потоа шират болести кои придонесуваат за стотици илјади смртни случаи секоја година. Луѓето чекаат цел ден да се олеснат во темнина, па што фатил, што не фатил… Што си има здравствени и безбедносни импликации, се разбира.

 

 
 

 

Сантрам Гонџаре е еден од тие кои го почувствувале укорот за понижување едно утро, кога “добро утро“ одредот го забележал како одел по патот.

Тие знаеле што ќе прави 55-годишниот, бидејќи држел кофа со вода што ќе ја искористи за да се измие по нуждата. Тие му ја конфискувале кофата и ја искршиле. Потоа му понудиле цвет, како знак на добра волја и му рекле да користи тоалет во иднина. И ние мислиме дека лесно поминал. Гонџаре засрамено, со погледот во земја се вратил дома. Отишол во природа бидејќи неговото деветчлено семејство има само еден тоалет, а тој не можел да чека на ред.

 
loading...
 

Таквите средби се чести во Бид, каде што луѓето без тоалети ризикуваат да бидат одземени нивните социјални бенефиции, а може дури да им биде забрането да се кандидираат за јавна функција. На друго место, службениците користат методи кои се наклонети кон принуда – или уште полошо. Во еден неодамнешен случај, еден човек бил јавно линчуван откако се обидел да ги спречи властите да фотографираат жени кои се олеснуваат на отворено. А има и телевизиски канали кои ги повикуваат гледачите да им испраќаат слики и имиња на оние кои вршат нужда на отворено за да можат да бидат засрамени на национална телевизија, ни помалку ни повеќе.

Затоа, запомнете го добро името на оваа провинција во Индија и не ни помислувајте да се олесните на отворено.

(63)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени