| 05.04.2018. ЗДРАВА ХРАНА

Нема некој што не ги обожава малите меки и топли кифлички. Најчесто се прават за слави и празници, но секогаш се добредојдени на трпезата. Иако ви се чинат дека треба посебна мајсторија, сепак може да ги направите и со 5 едноставни чекори.

Потребни состојки:
– 1 kg брашно
– Мала лажичка сол
– 7 dl млеко
– 2 dl масло
– 1 свеж квасец
– Жолчка за премачкување
– Сусам

topli-i-vkusni-domasni-kifli-so-5-cekori-1.jpg

 
 

Подготовка во 5 чекори:

1. Од брашното, солта, стасаниот квасец и млекото замесете со раце тесто додека не биде изедначено. Потоа додајте масло и повторно замесете го тестото, па оставете го да порасне.

2. Од тестото направете 8 топчиња и секое развлечете го и поделете го на 8 делови.

  
 

3. Замотувајте ги кифлите од поголемата страна кон помалата.

4. Наредете ги во плех премачкан со масло или путер. Откако ќе ги подредите премачкајте ги со жолчката и посипете ги со сусам.

5. Печете ги на 200 степени додека не заруменат, околу 20-25 минути!

 
loading...
 

Може да ги комбинирате со разни додатоци или да ги јадете само нив.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef
03.04.2018. The Chef
02.04.2018. Ливадџија
04.04.2018. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени