loading...
04.05.2017.Александар Диневски
18.05.2017.Фросина Ременски
| 16.05.2017. ОШТРЕЊЕ

Водителката Миа Костова, си постави длабокоумно, да не речам, филозофско прашање. Кога Бетмен ми беше дечко беше супер, што му се случи потоа, не знам. Груевски му се случи. Како што им се случи и на многу други, слични на Бетмен. Груевски со неговите привилегии и пари кои ги истураше врз главите на своите клиенти кои пред јавноста го бранеа неговото нечовечно владеење.

Проблемот со омилениот термин на Мирка Велиновска, КОНТРАКТОРИ кој го употребува во секоја колумна, е што го користеше исклучиво за оние домашни предавници кои одработуваат договор со странски тајни служби за да и наштетат на својата татковина. Таа никогаш не кажа, што правиме со оние контрактори кои со години беа на платниот список на Груевски и одвнатре ја растураа државата и уставниот поредок ставајќи се во одбрана на неговото авторитарно, криминално, антидржавно и нечовечно владеење. Токму во нив спаѓаат и Мирка, Латас, Бетмен, Миленко, Дурловски, Борис, Владо и останатите знајни и незнајни директорчиња во јавни претпријатија, театри, болници. Сите оние кои застанаа зад таканаречените протести за заедничка и унитарна Македонија кои со недели подбуцнуваа и заговараа насилен влез во Собранието, доколку се избере негов нов претседател и се формира влада во која нема да биде ДПМНЕ и Груевски.

И влегоа, заедно со десетина таканаречени патриотски здруженија, исто на платниот список на Груевски, кои заедно со неговите контрактори од тајната служба, полицијата и војската се обидоа насилно да го преземат Собранието, откако ќе ликвидираат неколку пратеници од опозицијата. За среќа, не им успеа. Дополнителен шок за нив беше што нивниот ментор Груевски јавно се огради од нив, па сега разочарани од таквиот негов однос и уште поразочарани од тоа што против нив се одвива хајка за нивно притворање за насилствата, му пишуваат гневни, заканувачки писма преку социјалните мрежи, во надеж дека ќе ги одбрани од органите на прогонот. Некого може и ќе одбрани, ама не сите, барем додека и самиот не заврши зад решетки.

А му реков на Бетмен, само неколку дена пред насилниот упад во Собранието, кога се сретнавме во еден бар. Не знам колку те платиле и не знам дали си свесен, во каква опасна игра си влезен, окружен со полициски информатори, силеџии и војници на подземјето. Тргни се додека е време. И тогаш ме убедуваше дека ја имаат под контрола целата ситуација и до насилства нема да дојде, па нели сите во Македонија сме биле поврзани преку роднински врски. Нормално, брзо најде изговор да ја напушти понатамошната дискусија и ете многу брзо настаните од Собранието го демантираа на најлош начин. Сега веројатно да сфатил што сакав тогаш да му кажам. Уствари, тој сфати и тогаш, ама не сфати колку е мал во однос на ситуацијата. Неке птице никад не полете. Па нека е и Бетмен.

Контракторите на Груевски преку ноќ ги откажаа понатамошните протести за заедничка и унитарна Македонија, исто како што преку ноќ ги започнаа. Ајде сега нека излезе некој од нив да каже дека биле спонтани, мотивирани само од љубовта кон татковината. Иако тврдокорно тврдеа дека ќе протестираат се додека парламентарното опозициско мнозинство јавно не се откаже од фамозната тиранска платформа, која од почетокот беше мамка за Груевски смислена од земјата Баба Рога, за да не прифати коалиција со Албанците и да биде тргнат засекогаш од македонската политичка сцена, одеднаш се премислија. Заборавија и на платформата и на унитарноста и на патриотизмот. Се разотидоа по дома, да ги стават во куферчето сапунот, четката и пастата за заби за таму кадешто ќе одат. Пижами не мора да спакуваат. Ќе добијат нови, бели со црни пруги.

Тоа ќе се случи, веднаш откако ќе почнат реформите во судството и обвинителството. Оти видовме стопати на дело какви судии и обвинители сме имале. А богами видоа и тврдокорните. Тие кои патриотски го бранеа Груевски и Македонија со насилство врз пратениците и парламентот, добија притвори и ќе бидат осудени, а оние кои крадеа со Груевски, како Кочан, притворите им се укинаа, па ќе се бранат од слобода. Како после да не му пролупа срцето на Кочан кога разбрал дека му е укинат притворот. И одма се врати од службен пат, истиот ден кога му го укинаа врховните судии, по препорака на ЈАВ(А)НИОТ обвинител Зврлевски. Контрактори пар екселанс, што би рекла Мирка Велиновска Трампова. Со договор за одбрана до смрт на злосторничкото здружение на Груевски кое цела декада владееше со Македонија.

Судии, обвинители и адвокати на ѓаволот. Пали гаси. На копче. Како и останатите контрактори на Груевски. Сега малку ќе протестирате, па малку ќе се заканувате, па малку ќе тепате во Собрание, па ќе убиете некој пратеник. Е сега не протестирајте повеќе, зашто треба да смислам нешто ново за да преговарам за мојата слобода во блиска иднина. Ама преговори за тоа, тешко дека ќе има. Единствената надеж за Груевски остана неговиот реизбор на челното место во ДПМНЕ. Само, тие контрактори околу него треба да знаат, доколку не го сменат, оние од земјата Баба Рога, ќе им ја пломбираат партијата како гранапче. А бе исто како Груевски и братучед му Саше што пломбираа илјадници гранапчиња и компании додека владееја и беа силни.

Ако има некои кои останале нормални и некорумпирани во ДПМНЕ, треба ова сериозно да го сфатат и да побараат смена на Груевски од чело на партијата за да ја зачуваат од стечај и банкрот.  Притоа мора да бидат и потполно свесни дека после ова што Груевски преку ДПМНЕ го направи на Македонија и на нејзините граѓани, не треба ни да помислат дека во наредните петнаесет години ќе дојдат на власт. Барем не додека малку не заборавиме на стравотиите што ги правеше Груевски со неговите блиски слуги. И би било навистина добро, после овој децениски егзодус кој ДПМНЕ му го приреди на својот народ, она ВМРО да биде ставено во музејска витрина и никој повеќе да не го злоупотребува како маска и покритие за своите лични, криминални и антидржавни амбиции.

(8169)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Сашо Тасевски
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

Tags:

22.05.2017. Ливада.мк
20.05.2017. The Chef
22.05.2017. Виктор Ц. Стојановски

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • sase sekoja cest, sekoj zbor ti e na mesto. bidi mi ziv izdrav
    ( igor 2017-05-16 23:15:47 )
  • Hема коментари
    1. sase sekoja cest, sekoj zbor ti e na mesto. bidi mi ziv izdrav
      ( igor 2017-05-16 23:15:47 )
      Ми се допаѓа(1) Не ми се допаѓа(0)
    Mени