| 14.11.2017. ПО СВЕТОТ

Овде драги наши, имаме типичен пример на тоа како е кога дрогата ќе ти го стопи мозокот. Надежта на Нов Зеланд за светска рап звезда е пропуштена, бидејќи Клинтон Тин до толку забегал што мислел дека патува во Америка за да биде потпишан од Снуп Дог. Но тука не застанува неговото апсурдно патешествие. Тој исто така сметал дека пејачката Ријана е негова девојка, а Лил Вејн и 50 Цент биле љубоморни на неговите рап можности.

Но, ова се само некои од многуте размислувања на еден човек, чии пријатели велат дека тотално забегал користејќи дрога. Тие сметаат дека неговата употреба на метамфетамин предизвикала да го изгуби допирот со реалноста. Во што ние, како тотално нестручни лица, потполно се сложуваме и го поддржуваме ова тврдење!

По слетувањето во Калифорнија за да ги следи неговите соништа, тој се наоѓа себеси во Сан Диего каде е соочен со многу проблеми, во казнено-поправна смисла. Тој е обвинет за 14 престапи кои се однесуваат на обид за грабеж на банка, каде што се тврди дека употребил смртоносно оружје, лажно се представувал и издал смртна закана. За да бидат работите уште полоши, додека чекал судење за тој инцидент, тој наводно го претепал неговиот цимер од ќелијата кој умрел од повредите.

 
 

Сите овие обвинувања, тој ги негира.

#countrygrammma#nicequote#fortoday#detox

A post shared by Clinton Thinn (@clint12) on

  
 

Тој сега е преместен во затвор со максимална безбедност и добива само еден час време да ја напушти својата ќелија дневно. Ова е далеку од животот што го водел во неговиот роден Нов Зеланд, каде што возел Мерцедес, студирал сметководство и поседувал стан со две спални, во луксузен дел од градот.

Сепак, тој е под впечаток дека слободата ќе ја дочека. Во интервју за Stuff NZ, тој изјави: “Мислам дека ќе одам на Британските Девствени Острови, или некаде, каде што можам да се одморам. Негде каде што ќе можам да едрам… Имам пријатели на Фиџи, имам пријатели насекаде, има места каде што можам да одам. Јас сум поголем од Нов Зеланд, таму има премногу срање”.

 
loading...
 

Клинтон негира дека некогаш употребувал дрога или дека оди на рехабилитација и вели дека луѓето кои го тврдат тоа, се само хејтери, кои, ете од што немаат друга работа, едноставно се обидуваат да ја уништат неговата репутација.

Еден од неговите пријатели, Дилан Томас, додава дека непосредно пред Клинтон да замине во САД, станувал психотичен од употребата на дрога, сведочејќи: “Отидов еднаш во неговата куќа и вратите беа заклучени. Влегов и видов дека врзал јажиња околу сите кваки на вратите. Тој седеше во неговата соба и само зјапаше, убеден, дека дрвото надвор е запоседнато и дека се обидува да го убие.”

Разбирливо е дека несудениот рапер ќе се појави за прелиминарен распит на суд за да се процени неговиот ментален капацитет. Во зависност на исходот од тоа, веројатно е дека Клинтон ќе се соочи и со обидот за грабеж и обвиненијата за убиство – што може да значи живот зад решетки.

Едно е сигуно, одморот ќе му биде долг, па сега дали на Девствени Острови или во ќелија, времето ќе покаже. Битно деца, не забегувајте со дрогата!

(513)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени