| 05.02.2018. ПО ДОМА

Гледањето порнографија носи низа здравствени ризици, од физички до психички и емотивни. Веќе подолго време научниците спроведуваат испитувања што во голема мера укажуваат дека освен во случаи кога порнографијата се користи повремено и во умерени „дози“, гледањето порнографски содржини е лошо по вашето здравје и може негативно да се одрази на вашиот сексуален живот.

Порно филмовите ве оглупуваат

Мажите кои често гледаат порно филмови „оглупуваат“, тврдат германски научници. Регијата во мозокот задолжена за мотивација буквално се намалува додека гледате порно. Научниците исто така тврдат дека луѓето кои гледаат повеќе порно се родени со одреден тип на мозок.

 
 

Гледањето порно носи уште еден здравствен ризик поврзан со главата: сериони главоболки. По направените скенирања на мозокот на 40-годишен оженет маж  кој редовно гледа порно, научници од Тајван тврдат дека забележале активирање на региите во мозокот задолжени за болка, повеќе отколку региите поврзани со сексуалност. Невролозите имаат теорија дека гледањето порнографија е „прекинувач“ за чувствителност на нервните завршетоци  што пумпаат крв во мозокот и на тој начин предизвикуваат болка.

Зависниците од порно и наркоманите размислуваат исто

Редовниот секс и гледањето порнографија предизвикуваат зголемено лачење на допамин, хормонот задолжен за задоволство. Но, константното лачење на допамин знали дека мозокот почнува да станува зависен од него.

  
 

Истражувањето спроведено на Универзитетот Кембриџ во 2013 година покажа дека во мозоците на млади мажи зависни од порнографија се активираат истите регии како и кај зависници од дрога или алкохол.

Порнографијата ја намалува желбата за секс

Во едно истражување објавено во 2014 година научниците дошле до заклучок дека редовното гледање порнографија значително ја намалили желбата за секс, односно дека по некое време мажите повеќе ги возбудува порнографијата отколку вистинскиот сексуален однос. Но, тоа е најмалиот проблем во овој случај. Не само што се намалува желбата за секс, туку и се менува начинот на кој се доживува сексот и зависниците од порно по одредено време се навикнуваат на „обичната“ порнографија и преминуваат кон поекстремни и подивијантни сексуални содржини и веќе не ги возбудува ни помислата, ни самиот чин на „обичен секс“.

 
loading...
 

Во истражување спроведено на 1.500 млади мажи, 56% рекле дека нивниот вкус за порнофилмови станува „сѐ поекстремен и подевијантен“  со тек на време. Редовните корисници на порнографија почнуваат да се возбудуваат на работи што претходно им предизвикувале гадење или што се коселе со нивните морални и етички убедувања.

Во голем број случаи нивните вкусови се смениле толку многу што веќе не можеле сексуално да одговорат и да реагираат на нивните партнери во вистинскиот живот, а сексуално реагирале на тој вид порнографија.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени