| 11.01.2018. ПО СВЕТОТ

Шпанецот Гонзало Монтоја Хименез (29) ги шокирал сите во затворот кога среде аутопсија било констатирано дека не е мртов како што се мислело на почетокот.

Необичниот случај се одиграл во еден затвор во Австрија во кој Хименез служел казна и каде наводно починал.

Откако тројца лекари ја прогласиле неговата смрт, телото на Хименез било донесено за аутопсија. Додека лекарите го подготвувале процесот за утврдување на причините за смртта, тој четири часа по прогласувањето едноставно започнал со ‘рчењето.

 
 

Во случајот потоа морала да се вмеша и полицијата за да се утврди кој го направил неверојатниот пропуст и жив човек бил прогласен за мртов. Чуварите при сослушувањето рекле дека Хименез го затекнале во ќелија како седи модар во лицето и без знаци на живот. Неговата смрт ја потврдил дежурниот лекар, а потоа бил пренесен во мртовечница.

Семејството открило дека Хименез се обидел да изврши самоубиство со земање преголема количина барбитурат. Потоа барале итно пуштање на затвореникот од болница бидејќи било утврдено и дека во затворот боледувал од депресија и анксиозност.

– Не сакаме тој повеќе да биде во затворот. Млад е, целиот живот е пред него. Беше три години зад решетки, не планираше бегство. Време е адекватно да се лекува. Тие апчиња заторениците ги земаат како им е волја, никој не ги контролира, рекол Луис Мануел Монтоја, чичко на Хименез.

  
 

Интересно е што во затворот е и таткото на Гонзало, Хозе Карлос Монтоја кој пред само седум месеци се боидел да се обеси. Според првичните извештаи на лекарите, Монтоја Хименез пати од редок облика на каталепсија, нарвна состојба која се манифестира со целосно отсуство на реакција на телото.

УТврдено е дека несреќниот затвореник по голтањето на барбитурат поради предозирање паднал во кома, поради што лекарите на прв поглед не можеле да утврдат дали е жив.

Шпанските медиуми се прашуваат како е можно за откритието дека тој всушност бил жив им биле потребни дури четири часа.

 
loading...
 

(1)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени