| 26.11.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Замислете си град во кој кога ќе падне снег, тротоарите и улиците нема да замрзнуваат и нема да ги чекаме надлежните да ги исчистат истите. 

Вакви места навистина постојат и тоа во Исланд, каде властите смислија начин како да ја искористат геотермалната енергија на островот за да им го олеснат движењето на граѓаните во услови на силни наноси на снег.

Еирикур Хјалмарсон, директор на комуникации во компанијата Reykjavik Energy, изјавил дека откако главниот град на Исланд добил загреани тротоари пред десетина година, градот значително заштедил на сервисот за чистење на снег и мраз.

 
 

Исто така овде е и задоволството на граѓаните бидејќи не само што им е олеснето движењето во вакви услови, туку и парите кои градот ги заштедил се пренаменуваат за други сервиси корисни за граѓаните.

„Кога се чистат улиците од мраз и снег, тоа ги оштетува дополнително што значи дека сме заштедиле и од почесто реновирање на улиците и тротоарите. Исто така, помалку луѓе завршуваат во ургентните центри со скршеници од пад на замрзнатите тротоари.“, додал Хјалмарсон.

  
 

Благодарение на геотермалната енергија на Исланд, многу и од домовите се загреваат со истата. Температурата на водата е помеѓу 100 и 300 степени целзиусови. Истечната вода пак која е околу 30 степени целзиусови, се испумпува во цевки кои минуваат под улиците и тротоарите на Рејкјавик.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени