| 19.11.2017. ЗДРАВА ХРАНА

Состојки:

– 500 гр пилешко месо
– 1 кромид
– печурки
– морков
– компир
– пиперка
– тиквица
– модар домат
– домат
– црвен пипер
– масло за готвење

Подготовка:

 
 

Во тавче се пропржува сецканото на коцки пилешко месо (по желба може и свинско или телешко). Во подлабок сад со масло за готвење се пржи кромидот, па се додаваат печурките, морков сецкан на коцки, компир, па пиперка, тиквица, модар патлиџан и обичен црвен домат. Се зачинува со сол, бибер и буковец по желба.

Потоа се додава и месото во длабокиот сад и се промешува. Во тавчето во кое го пржевме месото се додава 1-2 лажици црвен пипер и се промешува. Пржениот зеленчук со месото се претура во тава (земјена или керамичка која е потребно претходно да биде стоплена во рерна за да не испука), се залева со црвениот пипер и се става да се пече.

Во текот на печењето се промешува 2-3 пати. Откако убаво ќе фати коричка и скоро ќе испари течноста се вади тавата од рерна. По желба може да се изренда и кашкавал додека е уште топло или пак да се нароси со пармезан.

  
 

Крв да ви се стори!

(361)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени