Во текстот кој следува, наведени се основните правила и услови за користење на содржините на Ливада.мк (livada.mk) – социјално-ангажиран форум и платформа (во понатамошниот текст: портал или Ливада.мк).

Ве молиме навремено да се запознаете со овие правила и услови, за да се избегнат сите евентуални недоразбирања во понатамошното користење на порталот. Со секое испраќање на материјали за објава до нас, обврзани сте да го обележите копчето „се согласувам со условите на користење“ или пак со самото пристапување, користење или пребарување низ овој социјален веб портал или на некој материјал од него, Вие, во Ваше име или во име на Вашата компанија, колку што е тоа применливо, прифаќате и потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте согласни со сите правила и услови за користење.

Со стискањето на ова копче при праќањето на материјалите ќе сметаме дека сте во целост запознаени со условите и правилата на користење и ги прифаќате. Доколку не се согласувате или не ги исполнувате правилата и условите, ве молиме да не го користите порталот.

 
 

Ливада.мк го задржува правото без најава да ги изменува и дополнува овие услови. За сите нејаснотии и приговори поврзани со правилата и условите, контактирајте ја редакцијата на [email protected]

Секции / Категории

Со цел полесно да го користите порталот и да имате поуспешна навигација низ него, како и да знаете во која секција да го испратите вашиот материјал, го додаваме овој дел со појаснувања за секциите / категориите на порталот.

  
 

1. Оштрење – во оваа секција објавуваме материјали кои се со сериозен тон и на сериозни теми. (колумни, анализи, отворени писма и сл.) За да испратите ваш материјал во оваа секција, користете го овој линк и штиклирајте го копчето Оштрење.
2. Под Широка Крошња – во оваа секција објавуваме материјали со несериозен тон на секакви теми и на секаков дијалект (саркастични колумни, искуства и сл.) За да испратите ваш материјал во оваа секција, користете го овој линк и штиклирајте го копчето Под Широка Крошња.
3. На Теферич – секција во која ние поставуваме теми за дебата, а вие, корисниците доколку имате што да кажете ни ги испраќате вашите аргументи пред таа да биде објавена. По објавата на дебатата со аргументите од корисниците, постои можност и за гласање за еден од тимовите ЗА или ПРОТИВ се додека не се објави наредната дебата. Интервалот на објави е во просек по една дебата месечно. (Испрати Аргумент)
4. Дроб Карма – во оваа секција објавуваме материјали од спектарот на литература, поезија, проза, раскази, мотивациони текстови, психолошки и сл. За да испратите ваш материјал во оваа секција, користете го овој линк и штиклирајте го копчето Дроб Карма.
5. Здрава Храна – нека не ве лаже името на секцијата, овде објавуваме рецепти и марифети поврзани со подготовка на храна од секаков тип. За да испратите ваш материјал во оваа секција, користете го овој линк и штиклирајте го копчето Здава Храна.
6. Друм – секција во која објавуваме материјали (колумни, анализи, отворени писма, патеписи, хроники, секојдневни ситуации, биографии) на локални проблеми и урбани ликови. За да испратите ваш материјал во оваа секција, користете го овој линк и штиклирајте го копчето Друм.
7. Дешавки – секција во која објавуваме настани и случувања од секаков тип. За да испратите ваш материјал во оваа секција, користете го овој линк и штиклирајте го копчето Дешавки.

Во десна колона (на почетна страна)

8. Муабет – секција за кратки видео записи со едукативна или забавна природа. За да испратите ваш материјал во оваа секција, користете го овој линк и испратете ни го вашиот материјал во форма на линк или фајл.
9. Живот – секција во која сакаме да го истакнеме хуманиот карактер на целиот концепт на ливада.мк. Во оваа секција објавуваме постови за луѓе и институции во потреба од хуманитарна помош и донации. За да испратите ваш материјал во оваа секција, користете го овој линк и штиклирајте го копчето Живот.
10. Документарка – во оваа секција, обајвуваме интересни документарни филмови за разонода на ливадџиите. Доколку и вие имате ваш документарен филм кој би сакале да го споделите преку ливада.мк, испратете ни линк или фајл овде.
11. Табла – секција каде активно се објавуваат актуелни огласи за вработување, конкурси за натпревари, огласи за стипендии, студии и сл. Доколу вашата компанија или институција сака да објави некој пост во оваа категорија, сторете го тоа преку овој линк и изберете Табла.
12. Jam Session – секција во која од целиме да објавуваме домашни видеа, unplugged свирки, ѓезмиња и се што е поврзано со музика. Доколку имате и вие сличен материјал, слободно испратете ни линк или фајл овде за да го објавиме.

 
loading...
 

Заштита на лични податоци

Вие може да го користите нашиот портал без да се регистрирате, но притоа одредени функционалности како што е можноста за објавување Ваши статии, видеа, слики, огласи, кратки јавни пораки, нема да Ви бидат достапни.

Личните идентификациски податоци што се добиени од Вас, може да ги употребиме за испраќање на пораки до Вас, или за приспособување на специфични информации кои најмногу одговараат на Вашиот интерес и потреби. Ливада.мк ја почитува приватноста на своите посетители. Податоците на посетителите не се дотапни за трети лица, освен во случаи поинаку пропишани со закон.

Нелични идентификувачки информации

Ливада.мк, исто така, може да собира и информации кои не се лични, но можат да бидат идентификувачки како што се ИП адреси или локацијата на Вашиот компјутер на интернет, број на посети, кој интернет пребарувач се користи, просечно време поминато на страницата.

Овие информации ние ги користиме за администрација на системите и за решавање на проблемите, за подобрување на содржината и изгледот на социјалниот веб портал, како и за давање на збирни информации на огласувачите и на останатите партнери. Ние може да откриеме нелични податоци во збирна форма на трети лица или огласувачи, на начин на кој Вие не можете да бидете идентификувани, односно да се откријат демографски податоци.

Промена на податоците

Корисникот може во секое време да контактира со Ливада.мк преку е-меил и да побара промена на личните идентификациони податоци кои ги дал, како и да побара бришење и отстранување на личните податоци од базата на податоци на порталот.

Барањата можете да ги испратите на следната е-меил адреса, [email protected] Во барањето наведете го Вашето име и презиме, е-меил адресата и податоците кои сакате да ги промените. Во случај кога ќе добиеме вакво барање, може да побараме од Вас да ги потврдите сите промени во личните податоци.

Следење на податоците

Делови од информациите се складираат во софтверот на интернет пребарувачот на Вашиот компјутер или привремено се чуваат во меморијата на Вашиот компјутер преку Cookies.

Врски (линкови) до други интернет страници

Некои од врските (линковите) на Ливада.мк водат кон интернет страници и сервиси на други извори на информации и информирање. Тие интерент страници и сервиси ги одржуваат трети лица над кои ние немаме никаква контрола. Според тоа, Ливада.мк на никаков начин не е одговорна за содржината, политиките и дејноста на тие страници и сервиси или за достапноста, точноста, веродостојноста, комплетноста, валидноста, квалитетот, производите и услугите достапни или рекламирани на овие страници и сервиси.

Според тоа, доколку одлучите да ги употребувате, пред да пристапите на некоја од веб-страниците проверете ги: политиката на приватност на таа веб-страница и начинот и условите на работењето на третите лица, бидејќи тие имаат свои сопствени политики на приватност, заштита и користење на податоците.

Ограничување на одговорност

Издавачот на порталот не гарантира дека порталот и сите негови содржини и делови ќе бидат секогаш достапни и на располагање на корисниците, како и дека нема да содржат грешки, ниту гарантира за точноста и сигурноста на информациите и материјалите, услугите и производите објавени на Ливада.мк, како и за последиците кои можат да настанат со употреба на истите.

Корисникот се согласува дека користењето на оваа веб страна е на негова одговорност. Во случај на некој проблем со него, материјалот од Ливада.мк или некој производ и/или услуга добиени од или преку него, единствено решение за Вас е да престанете да го користите тој производ/услуга.

Корисникот потврдува дека ние не сме одговорни за несоодветно, навредливо и противзаконско однесување на другите корисници на порталот и дека ризикот од евентуалната штета што ќе настане како резултат на таквото однесување е на Корисникот. Ниту ние, ниту физичките или правни лица кои придонесуваат во овој портал, и неговите поврзани содржини, како и кој било софтвер нема да бидат одговорни за евентуалната штета што би настанала како последица на користење или неможност за користење на Ливада.мк.

Корисникот се согласува дека за каква било штета тврдења, процеси, повреди, одговорности, загуби, трошоци и надоместоци на штета, вклучувајќи ги и трошоците за правно застапување кои би произлегле од Вашата употреба на овој портал нема да го смета за одговорен Ливада.мк порталот, ниту сопствениците, вработените лица и агенти, наследници и доверители.

Информациите за луѓето и местата кои се содржат на Ливада.мк не претставуваат факти или препораки од наша страна.
Коментарите на содржините на порталот, објавени од корисниците, не ги претставуваат ставовите, мислењата и препораките на редакцијата, ниту редакцијата се согласува или ги поддржува на било кој начин.

Рекламните содржини објавени на порталот не ги претставуваат ставовите, мислењата и препораките на редакцијата, ниту редакцијата се согласува или ги поддржува на било кој начин. За сите нејаснотии и приговори поврзани со рекламните содржини, контактирајте ги сопствениците или авторите на рекламните огласи.

Права, обврски и информации за корисниците

Пред да бидат објавени, сите поднесоци се прегледуваат. Доколку одредени поднесоци содржат навредлива и тендециозна содржина тие нема да бидат објавени.

Вие како корисник на Ливада.мк не смеете на содржините на порталот да внесувате заканувачки, штетни, нелегални или навредливи податоци, информации, клевети, материјали или друга содржина, да промовирате електронска комуникација со други интернет страници кои се конкурентни на Ливада.мк и да вршите политичка или верска пропаганда.

Не е дозволено копирање, преземање, менување, адаптација, отстапување на трети лица, да ги складираат во електронска или каква било друга форма или било какво друго користење на содржините објавени од Ливада.мк без претходно писмено одобрување од сопствениците на порталот.

Забрането е објавување, испраќање и размена на содржини со кои се повредуваат македонските закони, вклучувајќи невистинити, навредувачки, злоставувачки, вулгарни, расистички и други содржини кои поттикнуваат омраза, содржини со кои се врши повреда на авторски и сродните права, и за сето ова одговорноста ќе ја сноси корисникот.

Забрането е неовластено оддавање на лични податоци на трето лице, неовластено собирање, чување, пренесување и користење на било какви лични податоци на корисниците на порталот како и лажно претставување со цел на закана, манипулација, измама или доведување во заблуда на корисниците и издавачот. Забрането е било какво попречување или оневозможување на користење на порталот на другите корисници.

Забрането е свесно објавување, испраќање и размена на содржини кои содржат компјутерски вируси, датотеки и програми кои можат да предизвикаат попречување, ограничување на работата или уништување на било каква компјутерска и друга слична опрема.

Посетителите на порталот Ливада.мк имаат право на увид во сите објавени содржини со помош на своите интернет пребарувачи само за лично информирање.

Не е дозволено објавување или поставување линк со содржина која е непристојна или на кој било начин неприфатлива и навредлива.

Не е дозволено вклучување, поврзување или промовирање на нелегални активности или содржини на овој портал.
Не е дозволено како Корисник да објавувате содржини кои не се Ваши – доколку немате авторско право или е нечиј личен материјал.

Не верувајте во сè што е објавено! Објавата може да биде неточна и несоодветна за вас и не треба без проверка да се смета како факт, туку како мислење и став на авторот на материјалот.

Не е дозволено објавување или поставување директен линк до која било вулгарна содржина насочена кон трето лице, организација или установа.

Воздржете се од влегување во расправија и вербална битка преку страната на Ливада.мк.

Редакцијата на порталот го задржува правото да ги отстрани или воопшто да не ги објави, без претходно известување, сите содржини кои се во спротивност со правилата и условите на користење.

Препораки

Бидете свесни дека сте во јавност. Информациите што ќе ги објавите на јавните делови од Ливада.мк, се видливи за „СИТЕ“, т. е. може да ги види секој што користи интернет. Бидејќи некои информации и податоци се сметаат за лична работа, Вие одлучувате што ќе споделите со јавноста, а што во приватни пораки.

Почитувајте го мислењето на другите. Доколку сметате дека е потребно, можете да се согласите или да не се согласите.

Однесувајте се етички коректно, држете се до темата, фокусирајте се на фактите и секогаш давајте јасни и обмислени статии, јавни пораки и коментари. Бидете фер, коректни и информативни.

Право на интелектуална сопственост и авторски права

Материјалите и содржините објавени на порталот, со исклучок на рекламните и преземените содржини, се во интелектуална сопственост на порталот и смеете да ги користите само за лични, некомерцијални потреби. Со користење на порталот поднесувате сопствена одговорност за почитување на авторските и сродните права кои се однесуваат на овие содржини.

Вие како корисници, односно носители на авторското морално и материјално право на сите материјали – авторски дела (колумни, статии, слики и друго) кои ќе ги испраќате за објава кај нас СТЕ СОГЛАСНИ да ни ги пренесете авторските материјални права на овие материјали во целост без надоместок, за период од 10 години, односно ни го пренесувате правото на искористување на вашето авторско дело како што е право на умножување, право на пуштање во промет на делото, право на јавно соопштување на делото и право на преработување на делото.

Вие сте согласни да не влегувате во каква било активност која претставува прекршување на авторските права во однос на материјалот од порталот Ливада.мк.

Крајните корисници на овој портал не треба да поставуваат, објавуваат или на друг начин да прават достапни материјали кои подлежат на авторско право, трговска марка или други права на интелектуална сопственост, без одобрение на носителот на тие права. Корисникот е одговорен за штетата што ќе ја направи со објавување на материјали без согласност на носителот на авторското право, злоупотреба на трговска марка и други права на интелектуална сопственост. Во тој случај корисникот како таков единствено е одговорен за евентуалната штета настаната со кршење на овие обврски и правила. Дали некој од материјалите на интернет страницата се заштитени со некои од правата, корисникот мора сам да се информира, па со тоа Ливада.мк нема обврска да објавува такви информации.

Крајниот корисник со поставување и објавување на информациите и материјалите ни доделува бесплатно, неповратно, временски неограничено, неексклузивно право и лиценца за користење, прилагодување, објавување и дистрибуција на тој материјал во било која форма.

Сите права кои не се отворено дадени се задржани за сопствениците и уредувачите на Ливада.мк.

Прифаќате дека Ливада.мк порталот ги селектирал, усогласил, уредил и приспособил податоците и информациите во однос на статиите, сликите, видеата, огласите, пораките, местата како и профилите на поединечните корисници кои доброволно ги доставиле до нас.

Како корисници сте согласни дека не смеете да репродуцирате, дистрибуирате, јавно изведувате или јавно објавувате материјали од порталот или од кој било дел без претходна писмена согласност од нас. Ако не е во согласност со Условите за користење или ако не е поинаку одобрено од наша страна по писмен пат, не смеете, директно или индиректно, да пренесувате, симнувате, закачувате, прикажувате, продавате, изнајмувате, лиценцирате, префрлувате, објавувате, копирате, ставате во рамка, разложувате, расклопувате или употребувате ниту еден аспект од овој социјален веб портал или некој материјал од неа, целосно или делумно, во која било форма или на кој било начин.

Ние сме посветени на почитување на авторското право и законите од соодветната област и очекуваме од сите корисници на Ливада.мк, исто така, да ги почитуваат овие закони. Користењето на овој портал за пренесување на каква било содржина или за вклучување во каква било активност која ги нарушува авторските права или некое друго право на трето лице, значи прекршување на овие Услови за користење.

Вие му гарантирате на Ливада.мк порталот дека сте сопственик, или сте поинаку законски овластени да употребувате податоци, материјали или друга содржина која ја пренесувате до или преку порталот, како и тоа дека нивната употреба не го прекршува авторското право или законите од соодветната област и нема да повреди некоја личност или правно лице.

Ливада.мк е исто така, носител на авторските права на целосната идејна содржина на интернет страницата www.livada.mk и начинот на нејзиното функционирање.

Доколку вие како корисник на порталот имате забелешки за какво било наводно нарушување на авторските права на овој портал, треба да ни ги испратите до Ливада.мк на следната е-меил адреса: [email protected] .

Општи услови

Ливада.мк го задржува правото во секој момент, и без претходно да даде известување, доколку смета дека е потребно, да укине или измени било кој од овде наведените Услови на користење на порталот.

Во случај да дојде до промена на Условите на користење, а корисникот продолжи да ги користи услугите на нашиот портал, ќе се смета дека ги прифаќа Условите на користење во изменетиот облик. Секоја евентуална измена или бришење на Условите на користење стапува на сила веднаш по објавувањето на интернет страницата www.livada.mk.

Со Почит, тимот на Ливада.мк

Comments are closed.