| 06.12.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Насекаде низ светот постојат списоци со пациенти што имаат потреба од трансплантација на органи – овие списоци честопати се подолги од списоците на оние што сакаат (и можат) да донираат – делумно затоа што дел од органите потребни за трансплантација можат да бидат донирани само од починато лице.

Сега, 50 години по првата успешна трансплантација на срце, експертите веруваат дека се приближуваме до ера кога трансплантацијата на органи повеќе нема да биде потребна. „Мислам дека во рок од 10 години нема повеќе да бидат потребни трансплантации на срце, освен за луѓе со вродена срцева маана, каде што единствено е потребно ново срце“, вели Стивен Вестаби од болницата „Џон Радклиф“ во Оксфорд.

Вестаби не сака да изгледа неблагодарен кон сите човечки животи спасени со трансплантација на органи. Напротив, тој изјави дека е голем поддржувач на трансплантацијата на срце. Сепак, неодамнешните технолошки достигнувања во медицината можат да понудат алтернативи што би можеле да заштедат повеќе време, пари и животи.

 
 

„Мислам дека комбинацијата на пумпи на срцето и матичните клетки има потенцијал да биде добра алтернатива што може да им помогне на многу повеќе луѓе“, вели тој.

Ера на вештачки органи

Првенствено меѓу овие медицински достигнувања е достигнувањето јое иако е контроверзно, сепак продолжува да демонстрира потенцијал. Тоа е употребата на матични клетки. Истражувањата направени со матични клетки докажаа дека е можно да се создадат органи во лабораторијата, кои потоа можат да се вградат.

  
 

Исто така, науката овозможи да се произведат вештачки органи користејќи друго технолошко чудо – 3Д-печатење. Кога е применета во медицината, техниката се нарекува 3Д-биопечатење – а достигнувањата веќе се доста извонредни.

Досега научниците успеале да испечатат неколку органи, вклучувајќи ја и тироидната жлезда, замена на тибија која веќе е вградена во пациентот, како и парче од срцеви клетки што отчукуваат. Сите овие органи се создадени со биомастило.

Другите технологии што овозможуваат производство на синтетички органи вклучуваат и метод за растење на биовештачки бубрези.

 
loading...
 

Вестаби е инволвиран во неколку проекти за понатамошно подобрување на процесот: еден користи матични клетки за промена на дефицитот на срцевото ткиво, што би можело да го подобри квалитетот на животот кај пациентите подложени на коронарен бајпас. Исто така, Вестаби работи на развивање подобар хардвер за овие типови хируршки процедури, вклучувајќи и евтини титаниумски механички пумпи за срцето.

Заедно со 3Д-биопечатењето ваквите иновации би можеле да бидат решение за недостигот на донатори. Иднината на регенеративната медицина се синтетички органи што можат лесно, прифатливо и сигурно да се отпечатат за пациентите на кои им се потребни.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени