| 02.04.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Вестерос, континентот на кој се одвива најголемиот дел од дејството на популарната ТВ серија „Игра на Троновите“ е „неслободен“, со само 6 поени на скалата од 0 до 100, објави организацијата Фридом Хаус која го објавува извештајот за слободата во светот. Овој скор е полош од оние на Саудиска Арабија и Сомалија, но подобар од резултатот кој го имаат Северна Кореја и Сирија.

Измислениот континент, според Фридом Хаус, го добила негативниот статус бидејќи е наследна монархија, без уставни ограничувања на власта и зафатена од мултирателарна граѓанска војна.

Вестерос нема добиено ниту еден поен, од можните 40, во поглавјето политички права, додека доби само 6 од можни 60 поени во поглавјето граѓански права. Фридом Хаус процениле дека на континентот постојат одредени верски слободи, минимална академска и слобода на здружување.

 
 

„Последната година се случија ужасни злостроства во Вестерос, меѓу нив и погубувања, тортура и користење на хемиски оружја во форма на оган од змеј. Инвазијата од армија на реанимирани скелети сигурно не помогна, но фактот е дека Вестерос беше далеку од тоа да биде „слободен“ уште пред да почне сегашната војна“, вели Арч Падингтон, истражувач за демократија од организацијата.

Според најновата анализа се регистрираат проблеми како недостаток на слободно избрани институции или мирна политичка активност, концентрација на политичка и економска моќ меѓу мала елита етнички Андали, недостаток на контрола против корупција и дополнително кршење на и она малку правен поредок кој постоеше пред граѓанската војна. Регистрирано е и систематско нарушување на личните и социјални слободи, од кое најмногу може да се издвои широката неказнивост за сексуално насилство.

„Единственото нешто кое може да донесе траен мир и просперитет во Вестерос е политички систем кој ќе дозволи учество на еднакви основи, ќе обезбедува уредна промена на власта, ќе ги штити правата на малцинствата и ќе воспостави владеење на правото. Кога ќе биде победена „Армијата на мртвите“, сите страни од граѓанската војна треба да прифатат процес за изработка на демократски устав“, вели Падингтон.

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени