| 29.11.2017. ПО СВЕТОТ

Од време на време, некој некаде ќе создаде уметничко дело кое е толку оригинално што се става во свеста на јавноста и е дел од нашата заедничка историја и наследство. Дури и да не сте љубители на уметноста и да не знаете да ги цените фините потези на големите мајстори, имате барем малку сенс за она што е добро, а што е лошо.

Сепак, како дел од големите уметнички дела кои ја бранувале јавноста ако може да се каже, се оние како Мона Лиза, Тајната вечера, Микеланџеловиот Давид, и секако, на крај во март 2017 година, бистата на Кристијано Роналдо:

 
 

Убава, нели? Плукнат! Чудно, ама не сите се согласиле со оваа константација и скулпторот зад ова ремек дело, Емануел Сантос, имал многу проблеми да најде работа откако била обелоденета оваа исконска биста. Тој за BBC има изјавено: “Невозможно е да ги задоволиме Грците и Тројанците. Ниту Исус не ги задоволи сите”, што е залудно цитирање на мудрости, ако твојата скулптура од Роналдо личи како лицето да му го реконструирале со моторцангли.

Со тоа, треба да признаеме дека човекот има вистински талент штом успеал да направи убав човек како што е Роналдо, да изгледа толку лошо како што тој го има направено со таа биста што се откри во март.

Како и да е, по тешкото тролење, шпанскиот скулптор Хозе Антонио Наваро Артеага се нафати и направи нова биста, и мора да признаеме дека епилогот е многу подобар:

  
 

Изгледа подобро мора да признаеме, ама повеќе ни личи на Дејвид Бекам. Секој е критичар на уметност, а?

А како доказ дека луѓето никогаш не се среќни, има некои на социјалните медиуми кои велат дека сега статуата е премногу згодна… Изгледа дека нашиот пријател Сантос бил во право, никогаш не можете да ги задоволите сите.

 
loading...
 

Скулпторот вели дека бил поттикнат да ја направи статуата заради синот што го сакал Реал Мадрид и го молел да направи “убава” верзија на статуата. Тој не открива колку долго му требало за овој подвиг, но Сантос славно тврдеше дека ја направил неговата за само 15 дена, што и сами можевме да заклучиме, нели?

52-годишниот скулптор вели дека морал да работи со фотографии за да го создаде делото, бидејќи знаел дека играчот ќе биде премногу зафатен да седне со него.

Роналдо не можеше да присуствува на откривањето на новото дело, но се вели дека е среќен со новата биста, исто како и нас…

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени