| 14.11.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Еве едно предупредување до сите дами кои користат вакви играчки. Имено, една компанија која произведува секс играчки се извини откако се дозна дека незините гаџети тајно ги снимале корисниците.

Lovense ја обвини “малата софтверска грешка” откако корисниците откриле дека апликацијата која доаѓа со вибраторот на далечинско управување знае да ги сними и складира малтене сите звучни датотеки на нивните телефони. Што само по себе не тера да се запрашаме со какви тоа уникатни рингтонови располагаат потоа во самата компанија. Еј чекај, твојот сега звони, или мојот? Хохохо…

Прашањето најпрво било покренато на мрежата на Reddit и имало прилично голем број на корисници кои се пожалиле дека биле жртви на нелегалното снимање.

 
 

Lovense сега се извинува што ги ставила во тесно своите клиенти и вели дека грешката сега е поправена.

“Овој кеш фајл во моментов останува на вашиот телефон, наместо да се избрише откако вашата “сесија“ е завршена. Исто така, кога датотеката е создадена, таа се презапишува (не се создаваат нови датотеки)”, изјави претставник од компанијата.

Еден од корисниците кои првично го забележале проблемот рекол дека имал шестминутна снимка за спомен од последниот пат кога ја користел својата играчка. “Скролав низ моите медиа фајлови на телефонот за да го подготвам за фабричко ресетирање и наидов на датотека наречена “tempSoundPlay.3gp” во папката на апликацијата. Датотеката беше целосна аудио снимка од 6 минути од последниот пат кога ја користев апликацијата за да го контролирам мојот вибратор.

  
 

“Во никој момент не посакав апликацијата да ја снима целата сесија користејќи го вибраторот”.

Ете така, на вас останува сега да си проверите од која марка ви е играчката и да се пазите, или да го користите Трпе за наредните “сесии“…

(1518)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени