Американците се избламираа: Не знаеја на карта да си го најдат ниту својот континент, а еве каде ја бараа Европа

Џими Кимел во склоп на својата емисија ги замоли граѓаните на Лос Анџелес да одговорат најпрости прашања од географија.

Од нив побараа да пронајдат било која земја. Меѓутоа повеќето од нив мораа да ги потсетат дека Африка е континент, додека други не можеа да ја пронајдат ниту Америка. Одговараа дека Европа е всушност Австралија, или не, Азија: Алјаска е исто што и Гренланд или Исланд?

 
 

Незнаењето на тестираните Американци било такво што многумина помислија дека снимката е наместена. Сепак на крајот едно дете успеа да им го обели образот. „Поради ова Европјаните ни се смеат“, е само една од реакциите.

  
 

(84)

loading...

Вашиот коментар