Ајкула скокна од аквариум и нападна девојче, крв капеше на сите страни

Шестгодишно девојче е сериозно повредено кога во отворен аквариум во кинески трговски центар ајкула ја гризна за рака. Ксиао Ли се наоѓала покрај работ на отворениот аквариум кога ајкулата допливала до површината на вода и ја гризнала за рака. Бабата на девојчето, кое цело време била со неа, рекла дека ајкулата скокнала од водата пред да ја нападне нејзината внука.

Меѓутоа, сопствениците на трговскиот центар тврдат дека девојчето ја ставило раката во вода. Ајкулата на девојчето и ги скршила прстите и и ја одрало кожата. На снимката се гледа како ајкулата плива кон девојчето и ја гризе за рака пред шокираните посетители.

 
 

Девојчето успеало да се ослободи од вилицата на ајкулата и да се оддалечи од аквариумот, а крв и течело од раката. Таа веднаш е префрлена во болница, а персоналот од трговскиот центар постави шанк за да ги спречи посетителите да му приоѓаат на аквариумот.

  
 

(327)

loading...

Вашиот коментар