Моментот кога девојка со далтонизам за првпат го гледа во боја зајдисонцето со специјални очила

За жал, многу луѓе некои важни работи во животот не ги сфаќаат така и не се благодарни за вредности како што се кров над глава, храна за живот, како и добро здравје.

Но, оние на кои им недостасува нешто од тоа, и тоа како ги ценат овие вредности и се радуваат дури и на најмалата можност за нешто подобро.

 
 

Така, на оваа млада девојка со слепило на бои, неверојатно многу ѝ значи да може да го види светот во боја, а нејзиното момче ѝ го овозможило тоа за нејзиниот 17-ти роденден.

Девојката во видеото, која не е именувана, добива подарок за роденден од нејзиното момче Колтон Донел. Кога ќе го отвори, подарокот личи на обични очила за сонце, но всушност се многу повеќе од обични.

  
 

Кога ќе ги стави очилата, таа е во шок и истовремено почнува да плаче и да се радува, бидејќи во моментот сфаќа дека тоа се посебни очила кои ѝ помагаат да види боја, а реакцијата и нејзината среќа се бесценети.

„Знам дека има далтонизам уште откако ја запознав. Знаев дека ѝ се ближи 17-иот роденден за неколку месеци и почнав да штедам за очила. Ги нарачав и веднаш штом ги добив, ја однесов на место каде знаев дека може да се гледа зајдисонцето и го чекав совршениот момент. Потоа ѝ ги дадов очилата и чекав да сфати за што всушност служат.“ – објаснува нејзиното момче.

Погледнете го видеото од моментот кој не се опишува со зборови:

(37)

loading...

Вашиот коментар